Во пресрет на Божиќ, во Крушево се одржува единствена манифестација која ја има во Витлеем. Манифестацијата „Дева“ по десетти јубилеен пат го најавува Христовото раѓање. Од Крушево известува Елизабета Митреска.
Во пресрет на Божиќ, во Крушево се одржува единствена манифестација која ја има во Витлеем. Манифестацијата „Дева“ по десетти јубилеен пат го најавува Христовото раѓање. Од Крушево известува Елизабета Митреска.
Утре (06.01.2024) поради најавено одржување на настан за одбележување на Бадник во Скопје, од 10.30 часот се до завршување на настанот, за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајниците околу соборниот храм „Св. Климент Охридски“.
Нема да има компромис за безбедноста на патниците на македонското небо, порача министерката за одбрана Петровска. Ги повика и политичките актери да не ги користат вработувањата, ниту вработените во оваа институција за остварување на својата лична агенда.
Оставки од директорите, откривање и казнување на напаѓачите во контролата за летање и обезбедување на објектот од полицијата, бара Синдикатот на М-НАВ, во спротивно од среда ќе штрајкува.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во сабота (06.01.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектот во МРТВ.
Работното време на шалтерите ќе биде од 08.00 до 16.00 часот.
Воспоставен е железничкиот сообраќај на релацијата Велес-Гевгелија, откако беше саниран железничкиот мост на реката Црна. Испитувањата извршени по санацијата, покажаа дека тој може да го издржи товарот од возовите кои секојдневно минуваат на оваа релација.
Во првите неколку денови од годината најголемите индустриски капацитети не работат или се со преполовен капацитет, а воздухот повторно е многу загаден. ПМ-10 честичките го наминаа прагот на алармирање.
Нискиот наталитет но и недостигот од лекарски кадар резултираа со само 35 бебиња родени во кочанската болница минатата година.
На 04/05.01.2024 година, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со ОСПО, а во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК, по добиени наредби за пре
Во полициска станица е Беким Незири кој ја отвори вратата на радарската кула и овозможи невработени лица да влезат во зградата на М-НАВ.