Откако при проверка полицијата не го нашла Исмет Гури на адресата каде требаше да си го издржува куќниот притвор, го алармирала Кривичниот суд. Од судот посочуваат дека по Гури, кој веќе е сигурно дека избегал е распишана меѓународна потерница.
-
Македонија 06.01.2024 20:12
-
Македонија 06.01.2024 19:00
Силни обичаи за заедништво за Бадник
Се е подготвено семејството да се собере и да седне на посна трпеза за Бадник. Благословите се испратени уште на бадниковото утро кога на врата тропнаа коледарчињата.
-
Македонија 06.01.2024 18:02
2.000 дечиња учесници на бадниковите поворки
Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ претесен да ги собере верниците. Од изутрина побрзаа да ја испочитуваат христијанската традиција. Запалија свеќа за здравје и му се помолија на Бога за мир во душите, среќа, радост за нив и нивните семејства.
-
Македонија 06.01.2024 17:48
Политичарите испратија празнични честитки до верниците
Политичарите испратија празнични честитки до верниците. Претседателот Пендаровски повика на солидарност, социјална правда, личен интегритет и почит кон различните.
-
Македонија 06.01.2024 17:17
Со бадникова поворка одбележан големиот празник
Околу илјада коледарчиња во Бадникова поворка пеејќи ја песната „Вечниот бог“ продефилираа низ охридските улици и чаршијата најавувајќи го Христовото раѓање.
-
Македонија 06.01.2024 16:04
Реакции за инцидентот во контролата на летање
Обвинителството се жали на одлуката на судијата на претходна постапка, со којашто на осомничените за насилниот упад во контролата на летање им се определени само мерки за претпазливост.
-
Македонија 06.01.2024 14:47
Печалбарите најбројни во Струга
Во отсуство на домашни и странски туристи, јануарската сезона во Струга ја спасуваат печалбарите. Голем број иселеници, претежно од западноевропските земји празниците традиционално ги минуваат во родниот крај.
-
Македонија 06.01.2024 13:49
Традиционална прослава пред Соборниот храм
Православните христијани го слават Бадник, ден пред големиот празник рождество христово – Божиќ. Во Соборниот храм во организација на одборот за традиционална прослава, беа делени бадниковите гранчиња. Симбол на среќата. -
Македонија 06.01.2024 13:22
Министерката Тренчевска имаше сообраќајна незгода, лесно повреден е возачот
Вчера попладне на патот Штип – Радовиш во близина на село Лакавица – штипско се случи сообраќајна незгода помеѓу две возила. Во едното од нив се превезувала министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска. Второто возило „пасат“ со швајцарски ознаки го управувал 48-годишниот М.Ј.
-
Македонија 06.01.2024 13:14
Распишана меѓународна потерница за ексдиректорот на УЈП, Исмет Гури
Распишана е потерница за поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури. Ова следува откако полициските службеници не го пронашле на адресата каде издржувал домашен притвор.










