Граѓаните сè уште не може да сметаат на патувањето со воз и во Новата година. Им останува поскапиот и транспортот кој повеќе загадува-автомобилот и автобусот. На најфреквентната железничка линија Скопје-Битола со месеци е само еден воз во двата правци.
-
Македонија 04.01.2024 14:40
-
Македонија 04.01.2024 14:21
Бура од реакции по смените во Судскиот совет
Одлуките на Судскиот совет од разрешување на Дамева во мај 2023 до вчера се ништовни, реагираат Коалицијата „Сите за правично судење“. Судскиот совет констатираше престанок на мандатот на претседателот на Советот и ја спроведе одлуката на Управниот суд.
-
Македонија 04.01.2024 14:10
Продолжен притворот за нови 30 дена на петмината осомничени за убиство
По барање на Обвинителството, Кривичниот совет од скопска единица им го продолжи притворот за нови 30 дена на петмината осомничени за убиство, грабнување и за помагање на сторител во извршување на кривичното дело, сите поврзани со убиствата на малолетната Вања и велешанецот Панче.
-
Македонија 04.01.2024 13:38
Нови оставки во Контролата на летање и најава за штрајк
Старата година заврши со масовни отказни решенија во Контролата на летање, а денеска се најавуваат и нови оставки во знак на поддршка. Причината се последните несоодветни вработени кадри.
-
Македонија 04.01.2024 13:37
Поддршка од Словенија во спроведување на финансиските истраги
Со серија консултации и работилници кои се одржаа во периодот од 18 до 23 декември во Скопје и Дојран се заокружија активностите за 2023 година во рамките на проектот „Поддршка за Поглавјето 24 – Финансиски истраги“, кои овозможуваат размена на најдобри практики меѓу Република Северна Македонија
-
Македонија 04.01.2024 13:33
Скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа
Густа магла секојдневно не буди во главниот град. Но причината не се само временските услови туку загадувањето дополнително го отежнува дишењето на воздухот. Висока концентрација на ПМ 10 честички особено се забележува во ноќните часови. -
Македонија 04.01.2024 12:59
Богоев: Раст на царинските приходи и нови проекти вредни 30 милиони евра
„Приходите од данок на моторни возила бележат раст од 46,7% во однос на претходната година, приходите од царина за 10,3%, а раст од 5% има и кај приходите од акцизи кои во 2023 година изнесуваат 32,4 милијарди денари.
-
Македонија 04.01.2024 12:42
Во Битола регистриарно ново бугарско здружение „Балкански мост“
Згасна поранешниот бугарски клуб во Битола „Ванчо Михајлов. Но, од неодамна никна ново здружение кое засега е само регистрирано со седиште на домашната адреса на претседателот Љупчо Јошевски.
-
Македонија 04.01.2024 12:25
Аерозагадувањето го засили ширењето на вирусите
Загадениот воздух го засили ширењето на вирусите. Периодов е полно и во детските амбуланти и во болниците. Педијатрите велат дека има наплив на пациенти со респираторни вируси и грип.
-
Македонија 04.01.2024 12:16
Бадник неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр. 21/98 и 18/07), 6 јануари 2024 година (сабота), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.










