6-мина добија 30-дневен притвор, четворица куќен, на еден од осомничените му е одредена мерка на претпазливост.
-
Македонија 14.12.2023 17:29
-
Македонија 14.12.2023 17:14
МТВ обележува 59 години од првите вести емитувани на тогашната телевизија Скопје
Телевизијата во која некогаш работеа дваесетина луѓе денес е најголема медиумска куќа. Новинари, сниматели, монтажери, тон-мајстори и други професионалци работат во функција на јавниот интерес.
-
Македонија 14.12.2023 16:25
ДИЦ го продолжува штрајкот
Стручниот испит за наставници и стручни соработници на кој се пријавени 700 кандидати, нема да се реализира. Ќе нема ни основна обука за кандидати за директори, напредните обуки за директори, меѓународните тестирања, а повторно е загрозена и државната матура.
-
Македонија 14.12.2023 16:10
Обвинителство бара најстрога казна за сите обвинети во случајот „Ласкарци“
Најстрога казна за обвинетите во случајот „Ласкарци“ од судот побара јавниот обвинител Јакимовски. Во завршните зборови тој посочи дека кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и дека се во директна врска со последицата која резултираше со 16 загинати лица.
-
Македонија 14.12.2023 14:45
Екстрадиција на Палевски: Министерството за правда очекува експедитивност од турските колеги
На осомничениот за двојно убиство Љупчо Палевски му се вршат ДНК анализи. Резултатите од анализите, трагите од барут и крв пронајдени во материјалите земени од него, ги вршат турските истражни органи. До каде е постапката истражните органи не откриваат.
-
Македонија 14.12.2023 14:42
И оваа зима граѓаните ќе дишат загаден воздух
Грејната сезона ги врати старите проблеми. И годинава граѓаните дишат загаден воздух. Загадувањето не само што се чувствува туку и се гледа преку маглата што го покрива градот. Мерните станици покажуваат дека најалармантно е во Центар, Лисиче и Гази баба.
-
Македонија 14.12.2023 14:03
Спасовски се обрати пред новата генерација дипломци на Факултетот за безбедност
Истакнувајќи дека образовниот процес бессомнение е најважниот стадиум во академското профилирање на младите, Спасовски рече дека секогаш кога има прилика да се сретне со млади луѓе, им вели да бидат непобитни.
-
Македонија 14.12.2023 13:39
Скопје се гуши во загаден воздух
Скопје утрово меѓу најзагадените градови во светот, според светските сајтови. И податоците на Министерството за животна средина покажуваат високи концентрации на штетните ПМ-10 честички. Екологистите апелираат за конкретни мерки. Известува Андријана Ѓурческа.
-
Македонија 14.12.2023 13:32
Претрес во струшко Лабуништа, пронајдена дрога
На 13.12.2023 во 13.45 часот во струшкото село Лабуништа, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Н.Ш.(26) од селото.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
-
Македонија 14.12.2023 13:26
Изречени мерки за уривачите на хотелот во старата скопска чаршија
11-мина осомничени за злосторничко здружување и уништување културно наследство. Обвинителството ги товари за направена штета од непроценлива вредност за државата, а буџетот оштетен над 3 милиони евра.










