Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска во Центарот за обука – Идризово ја отвори обуката за борба против подведување и трговија со луѓе, на која учествуваат 12 полициски службеници и јавни обвинители. Обуката ќе се реализира во периодот од 9 до 12 февруари.
-
Македонија 09.02.2026 19:07
-
Македонија 09.02.2026 18:44
Магла на Плетвар
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 м, има на планинскиот премин Плетвар.
Сите патни правци во државата се проодни.
-
Македонија 09.02.2026 17:39
Четворица професионални војници заболени од шуга
Кај уште двајца професионални војници од велешката касарна е детектирана шуга, со тоа бројот на заразени се зголеми на четири лица. Сите на домашно лекување, во добра здравствена состојба и примаат терапија.
-
Македонија 09.02.2026 17:29
Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, лишен од слобода кумановец што ги превезувал
На 09.02.2026 во 04:15 часот на автопатот „Пријателство“, во правец од Скопје кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово.
-
Македонија 09.02.2026 17:22
Доживотна затворска казна за синот кој ја уби мајка си во Штип
Кривичниот совет во Основниот суд во Штип изрече доживотна казна затвор за Стојанче Зарков кој на осми август минатата година со нож ја усмрти својата 84-годишна мајка Марија.
-
Македонија 09.02.2026 16:45
Томовски: Завршена е постапката за имотни листови за седум државни вили
По 35 години независност, неодамна e завршена процедурата за имотни листови за седум државни вили, а останува да се дорегистрира друг имот и земјиште во државава, но и во странство што останало од поранешна Југославија, вели првиот човек на Службата за општи и заеднички работи на владата, Томовск
-
Македонија 09.02.2026 16:28
На скопска „Онкологија“ не се почитувале протоколите, тврди вештак од Словенија
Давањето на погрешен лек, не само што нема да ги оздрави болните од рак, туку може да делува токсично. Ова го потврди лекарката од Марибор, која е потписник на вештачењето во случајот „Онкологија“.
-
Македонија 09.02.2026 16:18
ОЈО продолжува со преземање на дејствија за целосно расчистување на случајот со запленетата марихуана
Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е во постојана комуникација со српските колеги, со цел размена на информации и утврдување евентуална поврзаност меѓу случаите на запленета марихуана во Македонија и Србија.
-
Македонија 09.02.2026 16:05
80 години од доселувањето на Македонците во Војводина
На средбата во Нови Сад со претседателот на Покраинската влада на Војводина Маја Гојковиќ со македонскиот амбасадор Никола Тупанчески и претседателството на Македонскиот национален совет договорено е Покраинската влада да биде покровител на одбележувањето на 80 години од почетокот на доселувањето
-
Македонија 09.02.2026 15:39
Уапсен кумановец баран со потерница
Вчера во 18:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.С. (23) од Куманово.










