Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.
-
Македонија 31.07.2023 09:01
-
Македонија 31.07.2023 08:55
МВР: 154 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 30.07.2023 19:20
Претрес во охридско, пронајдена дрога, приведен дилер
На 29.07.2023 во СВР Охрид е лишен од слобода Ф.Б.(37) од Скопје. При преглед извршен во автокамп лоциран на брегот на Охридското езеро, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронашле и одзеле кокаин и марихуана.
-
Македонија 30.07.2023 18:05
ВМРО-ДПМНЕ: Оставките на ДУИ да бидат неотповикливи и да одиме на брзи избори
Министрите од ДУИ поднесоа оставки од Владата, ќе се активираат откако опозицијата ќе гласа за уставните измени. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го извести премиерот Димитар Ковачевски дека сите членови на Владата од неговата партија депонираат оставки од своите функции.
-
Македонија 30.07.2023 16:49
Министрите од ДУИ поднесоа оставки, ќе станат ефективни кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени
Министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција, поднесоа оставки од функциите кои во моментов ги извршуваат, се вели во писмото на министрите и функционерите на ДУИ до премиерот Ковачевски, кое го објави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
-
Македонија 30.07.2023 15:47
Зачестија пожарите на отворено
Брзата интервенција на пожарникарските екипи, авионот на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптерската единица на МВР резултираше со гасење на пожарите во реонот на Демир Капија и кај Неготино, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
-
Македонија 30.07.2023 14:40
Почина 27 годишна штипјанка од Конго-кримска хеморагична треска, ја каснал крлеж
27 годишна жена од штипското село Кучица починала по каснување од крлеж. Инсектот кој бил изваден од кожата во домашни услови и пренел на жената конго-кримска хеморагична треска која се развила неколку дена подоцна.
-
Македонија 30.07.2023 14:05
Системот за наводнување Макарија е саниран
Благодарение на брзата реакција на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, АД Водостопанство, професорите од Градежниот факултет во Скопје, изведувачот како и поддршката од локалната самоуправа, за многу кус период од месец и половина и
-
Македонија 30.07.2023 12:50
Во Прилеп се одржува Светски куп на трки со дронови
Брзина, концентрација, виртуелно следење, технологија. 13 натпреварувачи од земјава и од Србија, Бугарија, Чешка во Прилеп се натпреваруваат да бидат најбрзи, највешти и најдобри со новите технолошки и скапи дронови.
-
Македонија 30.07.2023 12:45
Спасен Романец во Гевгелија со примен повик на 112 во Грција
Романски државјанин бил спасен преку бројот 112, во соработка на македонските и грчките служби. Тој имал проблеми со срцето, а престојувал во Гевгелија.










