• Македонија 07.06.2026 18:34

    Медот ги привлекува туристите

    Почнал со едно, а денеска се грижи за петстотини пчелни семејства. Младиот пчелар Нацо со своето четиричлено семејство две децении живее исклучиво од пчеларството. Вели дека по диховскиот органски мед, меѓу странците популарен е и апи туризмот.

  • Македонија 07.06.2026 17:33

    80 години македонски траги во Војводина

    Домови и обработливо земјиште за почеток. Потоа освојување на шанса за нов живот. Организираното доселување на Македонците во Војводина почнало по Втората светска војна, во рамките на аграрната реформа и колонизацијата што тогашната држава ја спроведувала за населување на испразнетите подрачја.

  • Македонија 07.06.2026 17:04

    32. конгрес на СДСМ за нова идеолошка платформа

    Не ни треба нов партиски речник, туку нов морален завет. Тој завет почнува од трудот – рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче во обраќањето на 32. конгрес.

  • Македонија 07.06.2026 16:43

    Жалбата на Богоев на мислење во Обвинителството

    Кривичниот суд потврди – одбраната на првоосомничениот во случајот со местење тендер во царината, Стефан Богоев доставила жалба за одредениот 30 дневен притвор.

  • Македонија 07.06.2026 15:26

    Нови авиодестинации од охридскиот аеродром

    Со првиот авион од Вроцлав денеска во Охрид пристигнаа околу 200 туристи од Полска. За само два дена ќе стартува и новата авиолинија до Катовице.

  • Македонија 07.06.2026 14:34

    Осветен крстот на црквата во Трубарево

    Осветен православниот крст во дворот на храмот посветен на Свети Ѓорѓи Победоносец, во скопско Трубарево. Со висина од речиси 29 метри, тој претставува еден од највисоките крстови, подигнати во црковните дворови низ Македонија.

  • Македонија 07.06.2026 14:02

    Викенд населба до Смоларскиот водопад

    Во непосредна близина на Смоларскиот водопад ќе никне викенд населба со цел да се зголемат сместувачките капацитети за престој на туристи и посетители кои сакаат да уживаат во природните убавини на Беласица.

  • Македонија 07.06.2026 13:29

    32. конгрес на СДСМ

    Социјалдемократскиот сојуз денеска го одржува 32-от конгрес. Најавена е новата идеолошка платформа и програмска рамка со кои треба да се дефинираат идните политички насоки и приоритети на партијата.

     

    Миле А. Ристески известува.

     

     

  • Македонија 07.06.2026 13:24

    Стомачните вируси ги полнат амбулантите

    Зголемен број стомачни вируси регистрира кумановската болница. Температурните разлики, го зголемија бројот на пациенти инфицирани од овој вирус за дури триесетина отсто. Симптомите најчесто се грчеви во стомакот, покачена температура, повраќање, дијареја.

  • Македонија 07.06.2026 12:50

    Проверка на лиценците по електронски пат

    Со еден клик до сите лиценци што ги издаваат јавните институциите.

Pages