Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети кампот на Сојузот на извидници на Македонија и се обрати на отворањето на 13. извидничка смотра, што под негово покровителство годинава се одржува во Крушево.
-
Македонија 13.07.2023 14:05
-
Македонија 13.07.2023 13:45
Кривична пријава против скопјанец за „фалсификување исправа“
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.
-
Македонија 13.07.2023 13:44
Османи: Да останеме на брзата патека за членство во ЕУ
Денес, во работна посета на државата беа тројцата министри во Славков (Аустерлиц) формат, и тоа: министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски, ополномоште
-
Македонија 13.07.2023 13:33
Зголемен бројот на колапси и сообраќајни несреќи како последица на топлото време
Температурата над 40 го вклучи портокаловиот метеоаларм, но треба да го вклучи и алармот кај граѓаните, да избегнуваат излегување надвор во најтоплиот период од денот. Зголемен е бројот на колапси и сообраќајни несреќи како последица на топлото време.
-
Македонија 13.07.2023 12:40
Арсовска и Мазнева не дојдоа на вонредната седница на Советот на Град Скопје
Почна и веднаш беше паузирана вонредната седница на Советот на градот Скопје, на која на барање на советниците треба да се дискутира за работата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“.
-
Македонија 13.07.2023 12:30
Се гласа за нови членови во Судски совет
Врховните и судиите од скопското апелациско подрачје избираат двајца членови кои ќе ги претставуваат во Судскиот совет. Избирачкото право, на непосредни избори го користат 236 судии.
-
Македонија 13.07.2023 12:29
Спасовски на средба со раководството на Регионалниот центар Запад, СВР Охрид и ОВР Струга во рамки на активноста „Безбедно лето 2023“
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во рамки на проектот „Безбедно лето 2023“, оствари средба со раководствата на Регионалниот центар за гранични работи Запад, Секторот за внатрешни работи Охрид и Одделението за внатрешни работи Струга.
-
Македонија 13.07.2023 12:20
Судската администрација бара повисоки плати, од 1-ви септември најавуваат генерален штрајк
Судските работници нема да добијат додатоци. Добиле известување дека Министерството за финансии не дозволува пренамена на средства. Синдикатот е незадоволен, излезе на едночасовен протест пред сите судови во Македонија.
-
Македонија 13.07.2023 11:45
Рибократството со зголемен интензитет во Охрид
Интензитетот на незаконит риболов во водите на Охридското Езеро со почетокот на летото е зголемен. Тоа го покажуваат координираните контроли во вода и на копно што ги спроведуваат Езерската полиција и службениците на СВР Охрид во соработка со инспекторатот за земјоделство и шумарство.
-
Македонија 13.07.2023 11:42
По вчерашното одложување, денеска започна увидот во Основниот суд во Куманово
Увидот кој започна денеска ќе ги покаже причините за пожарот кој завчера го зафати кумановскиот Основен суд. Екипи на јавните обвинителства од Куманово и Скопје, секторот за внатрешни работи, кримтехника, инспектори за пожари и вешти лица од утринава се во институцијата.










