Денеска времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град.
-
Македонија 21.05.2023 08:30
-
Македонија 21.05.2023 08:08
Денеска поради вежби повремено затворени улици во Скопје
Денеска од 08 до 12 часот, канцеларијата за безбедност на Амбасадата на САД и Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија ќе одржат заедничка обука за безбедност во и околу дипломатската резиденција во Скопје.
-
Македонија 20.05.2023 20:21
ПОА на Вранишковски се интегрира во МПЦ-ОА
Православната Охридска архиепископија на Вранишковски, се интегрира во Македонската православна црква-Охридска архиепископија. Оваа одлука ја донесе светиот Архиеререјски собор на годинешното за заседание на Српската православна црква коешто заврши денеска.
-
Македонија 20.05.2023 18:03
Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот, следува соодветна пријава
Денеска околу 03.20 часот на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Ј.Д.(18) од Скопје. Тој бил фатен веднаш по извршување тешка кражба во продажен објект, при што одзел повеќе предмети.
-
Македонија 20.05.2023 17:46
Комисијата одлучи, студентите ќе добијат бесплатен јавен превоз во Скопје
Студентите од приватните факултети ќе добијат бесплатен јавен градски превоз во Скопје. По доставените претставки Комисијата за спречување и заштита од дискриминација одлучи дека студентите имаат право на оваа поволност.
-
Македонија 20.05.2023 16:52
Опаѓа бројот на првачиња во Штип
Секоја генерација на првачиња во Штип е помала од претходната. Намалениот наталитет и иселувањето најмногу се чувствуваат во училиштата. Минатата година разликата меѓу евидентираните и запишаните првачиња изнесуваше дури 200 деца. Намален број првачиња се очекуваат и од септември.
-
Македонија 20.05.2023 16:38
Град Скопје има двојно помалку пожарникари од потребното
Пожарот на мостот „Беласица“ е последната интервенција на пожарникарот Пешевски кој заминува во пензија. 35 години бил на ниво на задачата, да се спасат луѓе, да се стивнат пламените јазици.
-
Македонија 20.05.2023 16:00
Прва пресуда во Стразбур за осудените од 27-ми април
Поранешната вработена во Собранието, Елена Доцевска-Божиновска ја доби тужбата против државата, Судот во Стразбур пресуди дека и биле прекршени правата при постапката за одредување притвор, во нападот на Собранието на 27 април.
-
Македонија 20.05.2023 14:49
„Храбро срце“ со години чека ослободување од партиципација
Националното здружение „Храбро срце“ со години добива ветување за ослободување од партиципација на пациентите со механичка поддршка на срце. Се менуваат министри, а досега не е исполнето ветеното. -
Македонија 20.05.2023 13:09
Приведена припадничка на АРМ поради поткуп
Во заедничко дејствување, припадниците на службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство привеле припадничка на АРМ, поради вршење кривично дело поткуп.










