Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Платежната агенција Никица Бачовски, е во дводневна работна посета на Република Хрватска.
-
Македонија 24.03.2023 19:00
-
Македонија 24.03.2023 18:24
Апелација: 9 години затвор за Груевски
Скопска апелација донесе пресуда за случајот „Плацеви на Водно“. Поранешниот премиер Никола Груевски, наместо 7, треба да одлежи 9 години затвор.
-
Македонија 24.03.2023 18:13
Битолчанец отруен со корозивно средство
42-годишник од Битола е примен на Токсикологија. Тој седнал во угостителски објекти во градот, нарачал кафе и флаширана вода. Но, добил корозивно средство.
-
Македонија 24.03.2023 17:59
Поскапува вадењето лични документи
Поскапува вадењето лични документи. Почната е постапка за измена на цените. За лична карта ќе се плаќа 310 денари, за возачка дозвола 410 денари. Цената на пасош за лице до 27 години останува 1.500 денари, но над оваа возраст ќе се плаќа 2.000 денари.
-
Македонија 24.03.2023 17:07
Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери
Како на филм, двајца дилери од Арачиново бегаат пред полицијата на наплатната рампа на патот Гостивар-Тетово но, рампата е поцврста и ги запира. При обидот за бегство удираат и оштетуваат полициско возило, а потоа се приведени од полициските службеници.
-
Македонија 24.03.2023 17:02
Светски ден на борба со туберколозата, вакцинацијата и раното откривање клучни за успехот
Шест деца болни од туберкулоза се лекуваат во детската болница во Козле, а 11 возрасни на Институтот за белодробни заболувања – сите се во стабилна состојба.
-
Македонија 24.03.2023 16:20
Вонреден инспекциски надзор во битолската болница за смртта на шестгодишното девојче
Вонреден инспекциски надзор во битолската болница по смртта на 6-годишната Јана Христовска. Вработени во Здравствениот и санитарен инспекторат ја „чешлаат“ документацијата и разговараат со персоналот кој бил во контакт со девојчето коешто почина во средата на Одделението за интензивна нега.
-
Македонија 24.03.2023 16:03
Лога се сретна со претставници на РАИ-регионална антикорупциска иницијатива
На средбата со шефот на Секретаријатот на РАИ, Десислава Готскова се разговараше за интензивирање на соработката, исполнетите обврски на Министерството за правда во РАИ, законската регулатива.
-
Македонија 24.03.2023 14:39
Голема полициска акција на наплатната рампа кај Тетово
Утрово околу 7 часот на наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостивар-Тетово полицијата заплени голема количина дрога, а уапсени се двајца дилери. Ова е една од низата акции што деновиве ги спроведува полицијата за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.
-
Македонија 24.03.2023 14:39
Протест на вработени во Министерството за култура, бараат повисоки плати
Протест пред Министерството за финансии поради незадоволство од платите.









