Вчера полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.С.(47) од с. Теранци. Тој се сомничи дека на 12.03.2023 од камп-приколка лоцирана во место викано „Нари“, атар на с. Крњево, одзел разновиден алат.
-
Македонија 16.03.2023 13:51
-
Македонија 16.03.2023 13:32
Расправии на судењето за случајот „Ласкарци“
Високи тонови, дофрлување од место, расправии. На судењето за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, семејствата на загинатите се скараа со адвокатите на обвинетите. Тврдат дека секогаш кога вештаците не даваат конкретни одговори, бранителите креираат тензии за да го прекинат судењето.
-
Македонија 16.03.2023 13:13
Мицкоски: Предвремени избори без техничка влада
ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за измени во законот за влада, и да нема техничка извршна власт 100 дена пред избори, вели лидерот на партијата Мицкоски. Останува на барањето за предвремени избори во мај или во првата половина на јуни.
-
Македонија 16.03.2023 12:52
Маричиќ: Македонските коридори дел од европската патна мрежа
Денеска во Брисел продолжува објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 21, „Транс-европски мрежи“ заедно со Поглавјето 15, „Енергетика“.
-
Македонија 16.03.2023 12:42
Во Кривичен распит на вештакот за случајот „Ласкарци“
Високи тонови, дофрлување од место, расправии. На судењето за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, семејствата на загинатите се скараа со адвокатите на обвинетите. Одбраната тврди – добиле закани и побараа судот да интервенира.
-
Македонија 16.03.2023 12:38
Струмица доби ново Јавно претпријатие за градски превоз со електрични автобуси
Советот на општина Струмица донесе одлука за формирање ново Јавно претпријатие. Истото ќе се вика „Струмица транспорт“ а основна дејност ќе му биде воведување на јавен превоз со електрични автобуси во градот и приградските населени места, проект кој беше најавен при носењето на Буџетот.
-
Македонија 16.03.2023 12:35
Пратеникот Рушити поднесе оставка, на негово место доаѓа Ремзи Мемеди
Собранието ја констатираше оставката на пратеникот Сурија Рушити од Алијанса на Албанците кој е именуван за директор на АД МЕПСО, по влегување на партијата во владината коалиција. На негово место доаѓа Ремзи Мемеди од Изборната единица 5 од Кичево, од Алијансата на Албанците.
-
Македонија 16.03.2023 12:06
Тренчевска во посета на Центарот за дневен престој за стари лица во Чаир
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со секретарката на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска го посетија Центарот за дневен престој за стари лица во Чаир.
-
Македонија 16.03.2023 11:41
156 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 156 возачи.
-
Македонија 16.03.2023 10:45
Претрес во скопски Бит Пазар, приведен дилер, пронајдена дрога
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Г.Р.(24) од Скопје.
При претрес во неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и засадено растение канабис.










