Времетo денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец долж Повардарието.
Температурата ќе се движи од -6 до 14 степени.
Времетo денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец долж Повардарието.
Температурата ќе се движи од -6 до 14 степени.
Бугарските европратеници Андреј Ковачев и Александер Јорданов му се пожалија на комесарот Оливер Вархеји на според нив дискриминацијата на која се изложени македонските Бугари, како и на инцидентите кои се случија околу прославата на годишнината на раѓањето на Гоце Делчев.
Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со државната секретарка Магдалена Несторовска и членовите на работната група од Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда остварија работна средба со Делегација на Советот на Европа, предводена од Николаос Ситаропулос –
Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи денеска оствари средба со Вадим Красноселски, лидер на Транснистрија и нивниот главен политички преговарач Виталиј Игњатиев. Транснистрија е самопрогласена држава, на источната граница на Молдавија со Украина.
Со желби за добра родна година, добри откупни цени и добри временски услови за одгледување и работа, лозарите си го честитаа Св. Трифун. Иако температурите утринава беа ниски, лозарите фамилијарно поранија на нивните имоти да го закројат лозјето.
Жртви речиси под секоја урнатина, разурнат град, плач и пискот насекаде.
Траорните слики од градот Адијаман ќе ги носиме цел живот, раскажува командирот на ТППЕ Тетово Авни Амети, кој синоќа заедно со неговите колеги се вратија од седумдневната спасувачка мисија.
Откако на 10-ти јануари беше уапсен по меѓународна потерница и спроведен во затвор, Kривичниот суд соопшти дека на Драган Даравелски повторно ќе му се суди.
Нови дојави за поставени бомби. Но, овојпат, заканата пристигнала на приватните електронски адреси на 14 професори во скопското средно училиште „Михајло Пупин“.
Полициските тимови го евакуираа објектот за да ги спроведат потребните антитерористички проверки.
На собраниската говорница, најмногубројни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Малку суштинска дискусија, повеќе реплики, неизвесно кога ќе се гласа за разрешување на актуелните и назначување на нови министри и заменици.
Антикорупционерите утврдија дека не биле користени домаќински возилата и другите ресурси на располагање на Министерството за животна средина и просторно планирање.