Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 12.02.2023 11:36
-
Македонија 12.02.2023 11:02
Граѓаните и екологистите алармираат за загаденост на воздухот во Велес
Каков воздух дишат велешани, дилема која се поставува секоја зима. Жителите велат дека дишат загаден воздух, посебно во зимскиот период. Тие нивните ставови ги градат врз основа на здравјето и проблемите кој ги создава загадениот воздух.
-
Македонија 12.02.2023 11:00
Голем интерес за купување на недвижнини во Штип
Голем е интересот за купување станови во Штип. Интерес има од целиот источен регион и најбарани се становите од 30 до 40 метри квадратни, кои достигнуваат цена од илјада евра за метар квадратен.
-
Македонија 12.02.2023 09:08
Уште се чека санација на кровот на училиштата во Куманово
Сè уште трае тендерската постапка за санација на покривот на двете кумановски основни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, кои делат заеднички објект. Надлежните се надеваат дека проблемот со прокиснување, кој датира неколку години, ќе се надмине наредната учебна година.
-
Македонија 12.02.2023 08:58
Слаб интерес за проектот „Втора шанса“ во Струга
Слаб интерес за пилот проектот на Агенцијата за вработување наречен „Втора шанса“ во струшко. Станува збор за мерка која се однесува на лицата кои поради разни причини не завршиле средно образование.
-
Македонија 12.02.2023 08:41
Облачно со локален снег на планините
Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со појава на локален слаб снег на планините.
-
Македонија 11.02.2023 18:47
Приведен затвореник кој денеска избегал од затвор
Полицијата попладнево привела 24 годишник од Скопје, кој денеска избегал од затворот во Шуто Оризари.
По него веднаш била распишана локална потерница. Избеганиот бил пронајден на улицата „Маџари“ во Гази Баба, однесен во полициска станица, а потоа бил вратен на доиздржување на казната.
-
Македонија 11.02.2023 18:32
Министерството за одбрана и Армијата испратија шлепер со хуманитарна помош кон Турција
Согласно Владината одлука за хуманитарна помош во материјални средства за Република Турција, Министерството за одбрана и Армијата денеска испратија шлепер со хуманитарна помош која се состои од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош.
-
Македонија 11.02.2023 18:19
Недостиг од домови за згрижување стари лица
Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“ во Берово е единствениот државен дом во источниот регион со капацитет за само 39 лица и со листа на чекање долга 130 кандидати.
-
Македонија 11.02.2023 14:31
Реакции за владиното рекомпонирање
По влезот на Алијанса во Владата и објавување на предлогот на премиерот Ковачевски за новите министри и заменици, Алтернатива пред одлука дали ќе остане или ќе замине од Илинденска број 2. Партијата в недела ќе го соопшти конечниот став.










