До Кривичниот суд пристигна одлуката на Апелација за поништување на првостепената пресуда за „Таргет-Тврдина“.
-
Македонија 17.01.2023 16:47
-
Македонија 17.01.2023 16:23
Османи во Полска на средба со досегашниот Претседавач со ОБСЕ, Рау
Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, во Полска оствари средба со Збигњев Рау, министер за надворешни работи и претходен претседавач со ОБСЕ за 2022 година.
-
Македонија 17.01.2023 16:19
МВР: Расчистен случајот со заканата кон вработени на Канал 5
Денеска во 12 часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија извршен е службен разговор со Р.Е. (47) од Гевгелија, поради упатени закани преку интернет кон вработени во Канал 5 телевизија.
-
Македонија 17.01.2023 16:04
Завршни зборови за случајот „Титаник 2“
Во Кривичен суд, завршница за „Титаник 2“. Обвинителот Гаврил Бубевски побара Сашо Мијалков, Мендух Тачи и поранешните членови на ДИК да бидат прогласени за виновни за изборни нерегуларности.
-
Македонија 17.01.2023 15:52
Парламентарното мнозинство е стабилно, можно е да се прошири- тврди Ахмети
Парламентарното мнозинство е стабилно, тврди лидерот на ДУИ. Ахмети најавува и проширување, алудирајќи на обидот за влез на Алијансата за Албанците во Владата, што го објаснува како алијанса за Европа. Тврди дека ова не е поврзано со огнената група.
-
Македонија 17.01.2023 14:54
„Мој термин“ не функционира, алармираат матичните лекари
Доколку живеете во Виница, Вевчани, Прилеп, Пехчево, Неготино, Кавадарци или Кочани, а имате потреба од интернистички преглед ќе треба да почекате најмалку три месеци. Според веб сајтот на „Мој термин“ до крајот на март во ниту една здравствена установа во овие градови нема слободни термини.
-
Македонија 17.01.2023 14:45
Ахмети: Мнозинството е стабилно, но може да се прошири
Парламентарното мнозинство е стабилно, тврди лидерот на ДУИ. Ахмети најавува и проширување, алудирајќи на обидот за влез на Алијансата за Албанците во Владата, што го објаснува како алијанса за Европа. Тврди дека ова не е поврзано со „огнената група“.
-
Македонија 17.01.2023 14:35
Нема интерес и за вториот Јавен повик на Град Скопје
Јавниот сообраќај во Скопје останува со помалку автобуси и за линиите 9, 11 и 12. Откако немаше интерес за првиот, пропадна и вториот јавен повик да се најдат приватни превозници.
-
Македонија 17.01.2023 14:29
Загина 63-годишен маж во пожар во Струмица
Шеесет и тригодишник со иницијали А.Е. изгоре во пожар што синоќа околу 20 часот ја зафатил неговата семејна куќа на улицата „Пиринска“ број 26 во Струмица.
-
Македонија 17.01.2023 13:52
Само половина од мерките за реформи во правосудството се целосно спроведени
Само половина од мерките за реформи во правосудството се целосно реализирани, утврди Државниот завод за ревизија. Од вкупно 130 мерки, кои биле предвидени во стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 година и акцискиот план, целосно се реализирани само 52 насто.










