Делегација на Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа денеска ќе престојува во посета на Собранието на Северна Македонија.
-
Македонија 06.10.2026 08:25
-
Македонија 06.10.2026 08:22
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 06.10.2026 08:14
Муцунски и Петрова в четврток на средба во Софија
Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, в четврток ќе одржат билатерална средба во Софија, на маргините на меѓународната министерска конференција посветена на Коридорот 8.
-
Македонија 06.10.2026 08:08
Утрото ведро и студено, во текот на денот сончево
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени.
-
Македонија 05.10.2026 20:06
Зголемен број пациенти кај матичните, сезоната на грип сè уште не започнала
Зголемена е фреквенцијата на пациенти во ординациите на матичните лекари, но далеку е од онаа што престои во сезоната на грип, вели матичната докторка Симона Крстеска. Доколку потрае топлото време, грипот ќе дојде подоцна.
-
Македонија 05.10.2026 17:35
Вештакот на одбраната со аргументи за ефикасноста на терапијата
Пациент со метастазиран канцер на црниот дроб живеел 38 месеци во случај кога стапката на преживување е 24 и тоа ако се користи модерна системска терапија, изјави вештакот на одбраната кој на рочиштето за случајот „Онкологија“ одговараше на прашањата на Обвинителството.
-
Македонија 05.10.2026 17:30
ФП: Приведени две лица осомничени за проневера на буџетски средства во износ од речиси 80 милиони денари
Во текот на денешниот ден, овластени службени лица од Управата за финансиска полиција, постапувајќи по наредби издадени од судија на претходна постапка во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, спроведуваат претреси на дом и лица на пов
-
Македонија 05.10.2026 17:22
Сипаниците ги опустошија македонските стада
Сипаниците кај малиот добиток уништија 10 илјади овци или дваесетина проценти од вкупниот фонд во Македонија. Стадата во источна Македонија најпогодени. Додека се разгледуваат модели за обесштетување, од ЕУ пристигнаа 450 илјади вакцини.
-
Македонија 05.10.2026 16:44
Скопје чека одговор од Софија за средба - власта и опозицијата со различни очекувања
Во очекување на средбата меѓу македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговата бугарска колешка Велислава Петрова-Чамова во Софија, власта и опозицијата на различни позиции за можниот исход и за евроинтегративниот процес.
-
Македонија 05.10.2026 16:01
Шасивари – Косма: Заеднички активности за унапредување на изборното законодавство
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со директорката на ИФЕС за Северна Македонија, Јоана Косма, на која разговараа за процесот на изборните реформи и натамошните чекори за унапредување на изборното законодавство.









