Врсничкото насилство сè почесто ги полни билтените на МВР. Реакциите од јавноста не запираат по последните два случаи. Булингот повторно го отвори и прашањето како до поголема превенција.
Ана Јосифоска со последните информации на оваа тема.
Врсничкото насилство сè почесто ги полни билтените на МВР. Реакциите од јавноста не запираат по последните два случаи. Булингот повторно го отвори и прашањето како до поголема превенција.
Ана Јосифоска со последните информации на оваа тема.
Поголемиот дел од работата за десетте чекори од реформската агенда е завршен, истакна евроамбасадорот Рокас, кој очекува извонредни резултати. Премиерот Мицкоски вели дека со сигурност ќе бидат исполнети девет од десетте точки.
Известува Марија Котовска
Со 81 глас за, 9 против и ниту еден воздржан,Собранието го донесе новиот Закон за парнична постапка, кој претставува еден од клучните реформски чекори во насока на унапредување на правосудниот систем и негово усогласување со современите европски стандарди.
Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде презентиран дел од опремата за Армијата набавена со поддршка од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град.
Собранието денеска треба да ја продолжи работата по 104. седница, по чие завршување е предвидено да се одржи и продолжението на 108. седница.
Министерството за внатрешни работи објави јавен повик за прием на 200 редовни ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“, кое функционира во рамки на Полициската академија.
Полициски службеници од ОВР Демир Хисар вчера привеле четири лица од селото Обедник, откако при претреси во нивните домови биле пронајдени оружје и муниција.
На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, како и претставници на институциите и проектните тимови.