Незадоволни се и одгледувачите на овци. Ги чекаат субвенциите за 2021 година и најавија дека ќе протестираат, бидејќи сите рокови за нивна исплата, биле поминати.
-
Македонија 23.08.2022 14:29
-
Македонија 23.08.2022 13:40
Арсовска: Од први септември штедење на струја
Од 1-ви септември, делови од престолнината ќе потонат во мрак. Поради енергетската криза градот Скопје претстави план за енергетско штедење со исклучување на сите непотребни потрошувачи на струја како на пример светлечки реклами и просториите во комуналните претпријатија.
-
Македонија 23.08.2022 13:15
Се санираат штетите по поплавите
Се санираат штетите од синоќешните изобилни врнежи што ги зафатија општините Виница, Долнени и Тетово. Во село Лажани се поплавени куќи, струјата беше исклучена, а дел од жителите беа евакуирани. Во Виница до 23 часот имало 20 интервенции, претежно на деловни објекти и училишта.
-
Македонија 23.08.2022 13:06
Уставен суд тоне во предмети, а нови судии нема
Повеќе од 40 предмети кои досега не го добиле потребното мнозинство чекаат на полн состав на Уставниот суд. Кога ќе продолжи работата на Комисијата за избори и именувања во Собранието, претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска за МТВ вели дека знае колку што знае и јавноста.
-
Македонија 23.08.2022 11:06
Владата ќе ја одржи 72-та седница
Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 72-та редовна седница.
За заклучоците од седницата, како што велат од владината прес-служба, јавноста ќе биде информирана со соопштение.
-
Македонија 23.08.2022 10:33
Утрово земјотрес регистриран во Македонија
Земјотрес утрово е регистриран со епицентар меѓу охридските села Куратица и Опеница.
Според ЕМСЦ, станува збор за слаб земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала.
-
Македонија 23.08.2022 10:01
МВР: 264 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 264 возачи.
-
Македонија 23.08.2022 09:31
Обвинителството ја испитува одговорноста за стечајот на „Еуростандард банка“
Јавното обвинителство денеска излезе со реакција за прес-конференцијата за стечајот на „Еуростандард банка“, на која како што велат оттаму, присуствувало и осомничено лице за случајот.
-
Македонија 23.08.2022 09:19
МВР: 133 санкционирани возачи во Скопје, 21 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 23.08.2022 09:16
Силните врнежи од дожд предизвикаа поплави низ земјава
Синоќешното невремето кое ја зафати земјава предизвика поплави во Прилеп, Битола, Виница, Неготино, Тетово. Во прилепското село Лажани биле поплавени 50 куќи, а дел од населението било евакуирано по обилните дождови. Нема повредени жители.










