Државниот правобранител Фехми Стафа е разрешен на денешната владина седница.
Стафа денеска до Владата поднел неотповиклива оставка од лични причини, информираа попладнево од Државното правобранителство.
Државниот правобранител Фехми Стафа е разрешен на денешната владина седница.
Стафа денеска до Владата поднел неотповиклива оставка од лични причини, информираа попладнево од Државното правобранителство.
Горан Иванов е именуван за в.д. директор на Управата за финансиска полиција. Тој на должноста е именуван на денешната владина седница, пренесува МИА.
Најмалку 3.000 денари се потребни да одвојат родителите за неопходните материјали за новата учебна година. Во книжарниците веќе има раздвиженост, а цените се повисоки од лани. Учениците се подготвуваат за наставата која засега се планира да биде со физичко присуство.
На 22 и 23.08.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце била извршена контрола на два автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници.
Над 300 студенти на повеќе нивоа го изучуваат македонскиот јазик во 20 универзитетски центри во светот, заради што може да се каже дека тие се нашите најголеми културни амбасадори.
Нема нови жаришта на африканска чума и во тек е превентивната мерка за депопулација на свињите во радиус од три километри од местото каде болеста е потврдена. Деновиве се уништуваат свињите во Облешево, последното жариште на африканската чума.
Од формирањето до денес бевме вклучени во многу сложени и ризични задачи кои ни помогнаа да се зацврстиме и изградиме во фактор за стабилност. Порака на командантот на Единицата за брзо распоредување Столески. Во периодот што следува, имаме планови за развој и модернизација, истакна командантот.
Државната изборна комисија ги прогласи за конечни резултатите за избор на градоначалници во Маврово Ростуше и Центар Жупа, откако во законскиот рок не беа поднесени приговори.
Советот на јавни обвинители на седница ќе ја разгледува жалбата на обвинителката Вилма Русковска за нејзината суспензија. Претседателот на советот Јолевски потврди дека ги добиле актите од републичкиот обвинител за суспензијата. Русковска и Јовески нема да бидат на присутни на седницата.
Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 429 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид со што вкупната бројка на дијагностицирани е 338 549. Оздравени се 572 пациента, а пријавени се и пет починати лица.