Почна изборната кампања за повторените локални избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа што ќе се одржат веднаш по новогодишните и божикните празници на 11 јануари 2026 година.
-
Македонија 23.12.2025 09:28
-
Македонија 23.12.2025 09:19
Утрово најстудено во Берово
Најниската температура утрово е измерена во Берово -2 степени, а највисока во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола со 4 степени. Во Скопје на Зајчев Рид се измерени 2 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Македонија 23.12.2025 09:00
Намалена видливост на патиштата поради магла
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
-
Македонија 23.12.2025 08:08
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
-
Македонија 23.12.2025 08:02
Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова напладне во Собранието ќе има годишно обраќање пред пратениците, второ во нејзиниот мандат.
-
Македонија 22.12.2025 20:55
Николоски: Со сложени инженерски зафати кои за прв пат се користат во регионот, ќе го доизградиме автопатот Охрид-Кичево
За прв пат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова за прв пат се изведува во регионот, а се со цел да се овозможи стабилизирање на косините и земјиштето од овој обем.
-
Македонија 22.12.2025 20:26
Алиу: Социјалниот дијалог е клучен инструмент за градење стабилен и функционален здравствен систем
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска имаше средба со претставници на Независниот синдикат за здравствени работници и административно-технички персонал.
-
Македонија 22.12.2025 19:46
Мисајловски: Во 2026 продолжуваме со интензивна модернизација
„Трите приоритети на кои почива одбраната...тоа е стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се приоритетите кои можеа да се увидат во секој исчекор кој го направивме во 2025 година“, рече мин
-
Македонија 22.12.2025 19:22
Потпишан договор за соработка во образованието и науката помеѓу Македонија и Турција
Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во сферата на образованието, науката, технологијата и иновациите.
-
Македонија 22.12.2025 19:13
Годишен брифинг на Министерството за одбрана со одбранбените аташеа акредитирани во земјава
Стабилен раст на воениот буџет, засилена модернизација и продолжување на учеството на мировните операции во 2026-та, најавија од Министерството за одбрана и од Генералштабот, на брифингот со воените аташеа.










