Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возач.
-
Македонија 26.07.2022 11:14
-
Македонија 26.07.2022 10:44
РСБСП: Возачите да не возат кога се уморни и под дејство на алкохол и да не ја пречекоруваат препорачаната брзина
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) преку соопштение апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, возачите да не возат кога се уморни, да не возат кога се под дејство на алкохол и да не ја пречекоруваат препорачаната брзина.
-
Македонија 26.07.2022 10:28
Пендаровски: Скопје сè уште живее со споменот за настраданите во катастрофалниот земјотрес
Скопје сè уште живее со споменот за настраданите во катастрофалниот земјотрес од 1963- та, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски на неговиот Фејсбук профил.
-
Македонија 26.07.2022 10:23
„Отворен Балкан“: Продолжува состанокот на работните групи во Тирана
Во Тирана продолжува состанокот на работните групи од Македонија, Албанија и Србија, во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“.
-
Македонија 26.07.2022 10:19
Ковачевски: Денешниот ден е впишан во меморијата на солидарно Скопје, им оддаваме почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес
Денешниот ден кога одбележуваме 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, е датум кој е врежан во меморијата на градот на солидарноста, порача претседателот Димитар Ковачевски, по повод одбележување на годишнината од скопскиот земјотрес што се случи во 1963 година.
-
Македонија 26.07.2022 10:11
Приведен криумчар, пронајдени шест лица мигранти
На 25.07.2022 во 21.40 часот на автопатот „Пријателство“, од граничен премин „Табановце“ кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ го лишиле од слобода О.Б.(29) од с. Црвени Брегови, неготинско.
-
Македонија 26.07.2022 10:06
Пожарот кај „Криволак“ ставен под контрола
Пожарот кој избувна во источниот дел од полигонот „Криволак“, ставен под контрола. Армиски хеликоптер гаснеше од воздух.
Армиските и инфраструктурните објекти се на безбедно растојание од 5 до 7 километри воздушна линија од локацијата на пожарот, велат од Генералштабот.
-
Македонија 26.07.2022 09:50
Македонија до утре под влијание на топол бран
До утре Македонија и натаму под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Максималните ќе достигнат и до 40-от степен. И УВ индексот е многу висок- девет.
-
Македонија 26.07.2022 09:45
59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
Скопје денеска одбележува 59 години од земјотресот што целосно го разори градот. Во него, животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови, а околу 28.000 беа оштетени. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата.
-
Македонија 26.07.2022 09:37
Новите амбасадори ќе ги претстават своите тези пред Комисијата за надворешна политика
Пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика, своите тези за дипломатските активности ќе ги претстават вонредниот и ополномоштен амбасадор во САД Зоран Попов, новите амбасадори во Канада, Агрон Буџаку и во Кралството Норвешка Дритон Куќи, како









