Немањето кворум за работа на Собранието продолжува. А, не стивнуваат меѓусебните обвинувања на пратениците од власта и опозицијата кој е виновен и одговорен за неодржувањето на седниците. Од опозицијата посочија дека нема да прават кворум, туку власта ќе мора да си го обезбеди.
-
Македонија 25.07.2022 14:29
-
Македонија 25.07.2022 14:14
15 нови локации во Градскиот парк, паркот Гази Баба, СРЦ Сарај, „Рајски парк“ и кејот на реката Вардар за урбана опрема
Советот на Град Скопје на денешната 15-та седница ја донесе Одлуката за определување локации за поставување урбана опрема подвижни објекти, апарати и други направи во Градскиот парк Скопје, паркот Гази Баба, СРЦ Сарај, „Рајски парк“ во Ново Лисиче и на кејот на реката Вардар.
-
Македонија 25.07.2022 14:13
Средба Грковска – Молитерно: Над 140 функционери ги поминаа обуките за Етичкиот кодекс
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа работен состанок со Џим Молитерно, светски експерт за етика и интегритет, кој е ангажиран во рамките на Проектот за граѓанско учество преку УСАИД.
-
Македонија 25.07.2022 13:58
Утре во „Македонија наутро“ ќе гледате...
26 јули 1963 година, 5 часот и 17 минути – утрото во кое се менува животот на Скопје и скопјани. Одбележуваме 59 години од кобните 20 секунди кои оставија траен белег во колективната меморија на главниот град и неговите жители.
-
Македонија 25.07.2022 13:49
Локализиран пожарот над Ѓавато, ветерот ги држи во неизвесност пожарникарите
Утрово во 5:30 часот екипи на ТППЕ Гевгелија, доброволното противпожарно друштво Дојран, екипи на ТППЕ Струмица и Кавадарци, како и Шумско стопанство – Гевгелија, дел од месното население или околу 55 луѓе беа излезени на терен.
-
Македонија 25.07.2022 13:41
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања, но никој да попушти дали е потребен или не референдум за веќе потпишаната преговарачка рамка. Опозициската партија обвинува дека власта уфрла свои инсталации во опозицијата, бидејќи како што велат, е свесна оти граѓаните се против штетниот договор.
-
Македонија 25.07.2022 13:04
Ординациите на матичните лекари преполни, најголемиот број пациенти со ковид-симптоми
По два – три месеци стагнација, амбулантите повторно полни. Деведесет проценти од граѓаните кои ги посетуваат своите матичните лекари се заразени со коронавирус.
-
Македонија 25.07.2022 12:56
Силни електрични празнења предивикаа пожари во Куманово
Удари на гром предизвикаа неколку пожари во Куманово. Гореше сува трева и борови насади. По брзите реакции на пожарникарите, огнот беше ставен под контрола.
Електричните празнења при синоќешното невреме, предизвикаа неколку пожари во Куманово.
-
Македонија 25.07.2022 12:38
Финансиската полиција поднесе претставка, се жали на постапките на Обвинителството
Финансиската полиција се жали на постапките на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое минатата недела чешлаше документација во управата. Поднесена е претставка до републичкиот обвинител Јовески.
-
Македонија 25.07.2022 11:53
Мицкоски на средба со Орбан
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денес во посета на Будимпешта оствари средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕС, Виктор Орбан.









