Земјоделците од Пелагонија денеска излегоа на протест со блокада на патот Прилеп – Битола кај Тополчани. Велат дека проблемите се напластени, субвенциите не се доисплатени, неизвесна е есенската сеидба, а зголемените трошоци ги доведуваат на работ на преживувањето.
-
Македонија 30.09.2026 19:01
-
Македонија 30.09.2026 18:26
Голема еко-акција за почисто Скопје
Скопјани ги засукуваат ракавите. Илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери ја чистеа метрополата.
Околу 30.000 граѓани се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје и поуреден град.
-
Македонија 30.09.2026 18:03
Ревизорските извештаи како алатка за намалување на корупцијата
Функционална држава се справува со корупцијата. Стопроцентно не може да се спречи, но со ревизорските извештаи може да се намали на прифатливо ниво, вели главниот државен ревизор.
-
Македонија 30.09.2026 17:50
Во Министерството за правда нов обид за договор за измените на Изборниот законик
Министерот за правда Јетон Шасивари на консултативна средба со претставници на политичките партии во обид за деблокада на измените на Изборниот законик, кои содржат препораки од ОБСЕ/ОДИХР и се дел од реформската агенда на државата. Од СДСМ не дојдоа на состанокот.
-
Македонија 30.09.2026 17:32
Студентскиот дом „Стив Наумов“ реновиран по европски стандарди
Од целосно руиниран, до студентски дом по сите европски стандарди. По 62 години од изградбата, пуштени во употреба реновираните згради и мензата на „Стив Наумов“.
-
Македонија 30.09.2026 17:11
Ново рочиште за случајот „Државна лотарија“
Апаратите за коцкање што ги купила Државната лотарија не биле електронски. Ова го тврди одбраната, според која, од нивното купување државата немала зијан. Се тврди и дека никој од обвинетите не ставил пари в џеб, а ако апаратите денес се продадат касата на Лотарија би била во плус.
-
Македонија 30.09.2026 16:36
Брисел ја отвора својата економија за земјите-кандидатки
Брисел ја подготвува досега најдрастичната промена во својата политика за проширување.
-
Македонија 30.09.2026 16:10
Недостигот од кадар ја забавува работата на судовите
Судовите кубурат со кадар. Нема судии, судски службеници уште повеќе, во некои нема ниту информатичари, па нивната ажурност во вториот квартал од годинава е под бараното ниво.
-
Македонија 30.09.2026 15:31
Лишени од слобода 10 возачи, управувале возило без положен возачки испит
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, односно затоа што управувале возило без положен возачки испит и тоа: С.А.(33), Д.Т.(
-
Македонија 30.09.2026 15:05
Царински службеници од Царинарница-Скопје во еден ден открија 12 илегални мигранти
Царински службеници од Царинарница Скопје во еден ден открија 12 илегални мигранти со потекло од Египет и Судан, при контрола на стока пријавена за увозно царинење во две различни филијали.










