Голем пожар утрово изби во магацин за градежен материјал и стиропор во Тетово, во кругот на некогашна „Македонија табак“. Зафатени и други делови на комплексот. Со часови трае борбата со огнената стихија, на помош беа испратени екипи од други градови.
-
Македонија 30.05.2022 17:58
-
Македонија 30.05.2022 16:54
151 нов случај со Ковид-19 во последните три дена
Во последните три дена (од 27.05 до 29.05.2022) направени се 2.335 тестови, а регистрирани се 151 нови случаи на Ковид-19, од кои најголем број во Скопје. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 29 реинфекции. Регистрирани сe 194 оздравени пациенти.
-
Македонија 30.05.2022 16:49
Нобеловецот Кругман и Стопанската комора добија Орден за заслуги
За исклучителниот придонес во развојот на економската мисла и дејност, на глобално и национално ниво, претседателот Пендаровски им додели Орден за заслуги на професорот Кругман и на Стопанска комора. На свеченоста, презентирани богатите биографии и нивните дела.
-
Македонија 30.05.2022 16:43
Општина Тетово: Нема отровни гасови во воздухот, образовниот процес продолжува нормално
Општина Тетово ја информира јавноста и раководните лица на образовните институции во градот дека Образовниот процес во Тетово, кој денеска беше во прекин поради состојбата создадена по пожарот во еден магацин, утре ќе продолжи нормално.
-
Македонија 30.05.2022 16:37
Пожарникарите го локализираат огнот само во еден објект
Пожарникарите од тетовската противпожарна единица заедно со колегите од повеќе градови интервенираат да се изгаси огнот што гори во управната зграда на „Македонија Табак“, додека се спречува да се прошири огнот на двата соседни објекти.
-
Македонија 30.05.2022 16:12
Маричиќ од Црна Гора: Време е за брза евроинтеграција на регионот
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на годишниот Самит на Демократија во Југоисточна Европа, посветен на „Војната во Европа: Влијанието на Балканот“, во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), кој се оджува во Будва, Црна Гора.
-
Македонија 30.05.2022 16:06
Спречена појава на град на над 80% од регионите зафатени со градоносни облаци
Викендов, нашата земја беше зафатена од нестабилни временски услови кои предизвикаа пороен дожд и град на повеќе места низ државата.
-
Македонија 30.05.2022 15:47
Македонија ќе учествува на ОСАКА ЕКСПО 2025
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Јапонија, оствари средба со Кенџи Вакамија, министер за ОСАКА ЕКСПО 2025.
-
Македонија 30.05.2022 15:32
Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Светска банка
Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Светска банка, предводена од Ана Бјерде, потпретседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија.
-
Македонија 30.05.2022 15:21
„Новинари за човекови права“: Бесплатни менструални производи
Апстиненцијата од вода е една од причините за алармантно зголемениот број на вагинални и уринарни инфекции кај жените во земјава за дури 70 проценти. Не пијат вода за да немаат потреба од тоалет, оти таму нема соодветни услови за менструална хигиена.








