Апстиненцијата од вода е една од причините за алармантно зголемениот број на вагинални и уринарни инфекции кај жените во земјава за дури 70 проценти. Не пијат вода за да немаат потреба од тоалет, оти таму нема соодветни услови за менструална хигиена.
-
Македонија 30.05.2022 15:21
-
Македонија 30.05.2022 15:07
ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Талат Џафери, побара поддршка од сите пратеници
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја поднесе интерпелација за работата на спикерот Џафери. Координаторот Мицевски побара сите пратеници да ја поддржат, но додаде дека ако мнозинството не ја прифати, ќе докаже дека застануваат зад недоличното однесување на собранискиот претседател.
-
Македонија 30.05.2022 14:58
Кацарска: Ако не се изберат нови судии до декември, ќе влеземе во уставна криза
Доколку до декември не се изберат нови судии, тогаш дефинитивно земјава ќе влезе во уставна криза, изјави претседателката на судот Кацарска после средбата со претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и спикерот Џафери.
-
Македонија 30.05.2022 14:29
Одбележување на Светскиот ден на лицата со мултипла склероза
Да се подобрат здравствените услуги на лицата со мултипла склероза, измени да има и кај комисиите за одредување на степенот на инвалидност, следствено со зголемување на потрошувачката да растат и нивните надоместоци. Бараат лицата со МС.
-
Македонија 30.05.2022 14:14
Сè уште се работи на локализирање на пожарот во Тетово
Голем пожар избувна во фабрика за пластика која се наоѓа во кругот на поранешниот Тутунски комбинат во Тетово. Гори магацин за складирање, а густ чад се забележува во градот. Противпожарните екипи од повеќе градови на терен се справуваат со огнот. Присутна е и војската.
-
Македонија 30.05.2022 14:09
Османи на средба со престолонаследникот Акишино и принцезата Акишино
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, во рамки на работната посета на Јапонија се сретна и со престолонаследникот Акишино и принцезата Акишино.
-
Македонија 30.05.2022 13:58
Се сумираат штетите од невремето во општина Лозово
Од 30 до 70 насто од родот на лозјето и овошките е уништен од невремето, велат земјоделците од Лозово. Грозјето оваа година имаше богат род но градот го уништи, а последиците ќе ги чувствуваме долго, вели Горан Велков, лозар од Лозово.
-
Македонија 30.05.2022 13:32
Пендаровски во посета на Уставниот суд
Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети Уставниот суд на Република Северна Македонија на покана на претседателката на судот, Добрила Кацарска.
-
Македонија 30.05.2022 13:17
Османи – Хајаши: Договорот за техничка соработка отвора ново поглавје во односите меѓу двете земји
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посетата на Јапонија, оствари средба со јапонскиот министер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши.
-
Македонија 30.05.2022 13:01
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе интерпелацијата за Талат Џафери
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја поднесе интерпелација за работата на спикерот Џафери.
Од спикерот на собранието Талат Џафери, ВМРО-ДПМНЕ побара да ја стави интерпелацијата на седница и да не ја крие во фиока










