Силно невреме вчера вечер ја зафати Општина Лозово и предизвика штети на житните култури, овошките, лозјата, а голема материјална штета имаат и сопствениците на возила и соларни панели
-
Македонија 29.05.2022 16:01
-
Македонија 29.05.2022 15:26
ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја поднесе интерпелацијата за Џафери
Поради нестручно и несовесно работење и претседавање со македонското Собрание, ВМРО-ДПМНЕ ја поднесува интерпелацијата за спикерот Талат Џафери. Сè почесто сме сведоци на скандали во неговото работење вели пратеничката Дафина Стојаноска.
-
Македонија 29.05.2022 14:54
Тетово стана бетонска џунгла, урбан хаос и на Попова Шапка
Тетово со целосно променет урбан лик. Бетонизирано градското јадро, но и периферијата. Голем дел од објектите неплански градени, без дозволи. Но, и заштитените подрачја како центарот Попова Шапка со голем број дивоградби. Проценките се дека тука има стотина бесправно изградени објекти.
-
Македонија 29.05.2022 14:03
Изградбата на пречистителната станица во Радожда сè уште не е започната
Со изградба на пречистителна станица ќе се заокружи колекторски систем од струшко Радожда. Ќе се намали загадувањето на Охридското Езеро, како клучна препорака на УНЕСКО, а водата ќе биде побезбедна за капачите.
-
Македонија 29.05.2022 14:01
Ковачевски го пречека добитникот на Нобеловата награда за економија Пол Кругман
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Охрид се сретна добитникот на Нобеловата награда за економија, професор на Универзитетот Њујорк, Пол Кругман, кој е во неколкудневна посета на нашата земја и кој утре ќе биде говорник и ќе учествува на вториот Скопски економски и финансиски форум.
-
Македонија 29.05.2022 13:19
Хуманитарна акција за помош на бегалците од Украина
Украинците кои поради војната ги напуштија своите домови и најдоа засолниште во земјава, се оставени на маргините. Заменик-народниот правобранител Андоновски вели дека тие немаат право да се вработат, да имаат здравствена заштита, а нивните деца не можат да посетуваат градинка, ниту училиште.
-
Македонија 29.05.2022 11:16
Куманово: Намален бројот на ковид тестирања
Стабилната епидемиолошка состојба го намали бројот на ковид тестирања во лабораторијата на Центарот за јавно здравје во Куманово. Здравствените лица велат дека незначителен е процентот на заболени од ковид 19, споредено со тестираните преку „Мој термин“.
-
Македонија 29.05.2022 10:32
184 сообраќајни прекршоци во Скопје, 38 под дејство на алкохол
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 29.05.2022 10:22
Невреме во делови од Македонија, пороен дожд и град
Доцна попладне и синоќа, делови од Mакедонија беа зафатени од силно невреме, кое наместа беше проследено со обилни врнежи од град. Најпогодени Прилеп, Битола, охридскиот и тетовскиот регион. Пороен дожд имаше и во Скопје.
-
Македонија 29.05.2022 10:14
Османи во работна посета на Јапонија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 30 и 31 мај ќе престојува во работна посета на Јапонија, на покана на јапонскиот министер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши.










