Во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ одбележана е 30 годишнината на Командата за обука и доктрина. Денот на оваа единица е 15-ти април, кога дошол првиот војник регрут во редовите на АРМ, 1992 година во касарната во Охрид.
-
Македонија 15.04.2022 17:01
-
Македонија 15.04.2022 16:44
Арсовска: Награда за скопските пожарникари за брзата и ефикасна реакција
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска донесе одлука да се додели соодветна награда за скопските пожарникари за нивната брза реакција и ефикасна интервенција при вчерашното успешно справување со огнената стихија во поранешната фабрика Треска.
-
Македонија 15.04.2022 16:23
Реакција на Руската амбасада на протерувањето на уште шест дипломати од државава
Руската амбасада во Скопје излезе со коментар во врска со прогласување на шестмина дипломати за непожелни од страна на Министерството за надворешни работи, кое им даде рок од пет дена да си заминат од земјата.
-
Македонија 15.04.2022 16:22
Генчовска: Бугарското МНР не добило никаков официјален документ
До бугарското Министерство за надворешни работи не е пристигнат никаков официјален документ, туку предлог- протокол којшто не беше задоволителен, коментира министерката Генчовска. Таа за тамошните медиуми вели дека има несогласувања меѓу министерството и тимот на Петков за Македонија.
-
Македонија 15.04.2022 15:54
Генералот Митруцикос, нов командант на Бригадата на Југоисточна Европа стационирана во Куманово
Бригадниот генерал Евангелос Митруцикос од грчката армија е новиот командант на Бригадата на Југоисточна Европа, чиј домаќин до 2026 година е Северна Македонија.
-
Македонија 15.04.2022 15:44
Доделени договори за набавка на високопедигриран добиток
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска доделија 103 договори за набавка на високопедигрирани грла добиток, преку Програмата за рурален развој.
-
Македонија 15.04.2022 15:22
96 нови случаи со Ковид-19
Во последните 24 часа направени се 1.688 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 55, Битола – 17, Штип – 4, Прилеп и Кавадарци – по 3, Велес, Гостивар и Струмица – по 2, Куманово, Тетово, Охрид, Кичево, Неготино, Ресен, Радовиш и Берово – по 1.
-
Македонија 15.04.2022 15:05
СОНК на средба со Владата- има предлози, но не и договор
Без конкретен договор заврши средбата меѓу СОНК и Владата. Преговорите викендов ќе се интензивираат за да се утврди за колкав процент ќе се зголемат платите, за што е потребен ребаланс на буџетот.
-
Македонија 15.04.2022 14:53
Протерани руски дипломати
Уште шестмина руски дипломати се протерани од земјава. Од Министерството за надворешни работи информираа дека според информации добиени од надлежните органи, дипломатите извршувале активности коишто се спротивни на Виенската конвенција.
-
Македонија 15.04.2022 14:37
Опозицијата бара одговори од Османи
Бугарското МНР се огласи по коментарите на македонскиот министер за надворешни работи Османи, кој чека одговор од Софија за документ за решавање на спорот.







