Зафатен од пожар магацин со детски играчки во Штип. Запален е смет во непосредбна близина, а поради силниот ветер огнот го зафатил и објектот.
-
Македонија 31.03.2022 15:41
-
Македонија 31.03.2022 15:38
Битиќи: Податоците од пописот се појдовна точка за креирање нова визија за развој на нашата земја
Податоците од пописот се појдовна точка за креирање нова визија за развој на нашата земја, вели вицепремиерот за економски прашања Битиќи. Смета дека резултатите покажаа неколку работи коишто недостигаат. Во тек е креирање на националната развојна стратегија за наредните 10 до 20 години.
-
Македонија 31.03.2022 15:33
Пендаровски: Направивме попис со сите нишани
Направивме успешена статистичка операција што ги запазува сите европски стандарди, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски. Според него, самиот факт што после 20 години успеавме да направиме попис е успех само по себе.
-
Македонија 31.03.2022 15:21
Мешовитата историска комисија со напредок во работата
На дводневниот состанок во Скопје, Мешовитата историска комисија ги разгледува забелешките од бугарската страна за средновековниот период во македонските учебници по историја за седмо одделение. Претходно во Софија беа разгледани и македонските забелешки за бугарските учебници за 6-то одделение.
-
Македонија 31.03.2022 15:06
Град Скопје набавува три нови возила за потребите на противпожарната бригада на Скопје
Советот на Град Скопје на денешната седница усвои одлука за набавка на 3 возила со што значително ќе се подобри техничката опременост и модернизација на противпожарната бригада на Град Скопје.
-
Македонија 31.03.2022 14:43
Презентиран извештајот за вработените во јавниот сектор за 2021 година
Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити денеска го презентираше годишниот извештај за вработените во јавниот сектор за 2021 година.
-
Македонија 31.03.2022 14:43
Потребен е современ, ефикасен и независен судски систем
Градење современ, ефикасен и независен судски систем, со доверба на јавноста. Судиите да се водат исклучиво на почитување на човековите права, да се професионални, непристрасни. Претставниците на судскиот сектор најавија спроведување на реформите.
-
Македонија 31.03.2022 14:39
Ковачевски - Хулм: Важен е развојот на Северна Македонија по европскиот пат и за Западен Балкан и за ЕУ
Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со Мелани Хулм, државна министерка за Европа и меѓународни односи на покраината Баварија при Сојузна Република Германија, информираат од владината прес- служба.
-
Македонија 31.03.2022 14:31
262 нови случаи со Ковид-19
Соласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 2.225 тестови, а регистрирани се 262 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 138, Битола – 25, Кавадарци – 17, Охрид – 15, Прилеп - 11, Куманово – 8, Делчево - 6, Тетово и Кичево - по 5, Велес, Струмица, Штип и Гевгел
-
Македонија 31.03.2022 14:00
За 50% зголемена цената на градскиот превоз во Битола
Не за долго по поскапувањето на такси-превозот нови цени и во градскиот превоз. Со новата одлука на општинското мнозинство, дневниот и месечниот билет е поскап за 50 отсто, односно возењето во еден правец ќе чини 30 денари, а месечната претплата 1.200 денари.








