Владата на денешната 22 седница ја разгледа и усвои „Информацијата за креирање на Националната развојна стратегија 2022-2042“ и ја усвои и „Методолошката рамка на Националната развојна стратегија 2022-2042” предложена во првата фаза на проектот.
-
Македонија 08.03.2022 16:57
-
Македонија 08.03.2022 16:50
Голем дел од жените од југозападниот регион не си ги знаат основните права
Голем дел од жените не си ги знаат основните права, немаат лични документи, често се потчинети, обесправени и омаловажувани. Ова се резултатите од анализата која на НВО „Инклузија“ во Југозападниот регион во земјава. Најкритично е во руралните средини со албанска етничка заедница.
-
Македонија 08.03.2022 16:40
Владата крои сет мерки за ублажување на енергетската и економската криза
Владата крои сет мерки во вид на државна помош кои треба да ги ублажат последиците од енергетската и економската криза. Засега сè уште се анализира какви ќе бидат мерките и кој ќе биде опфатен со нив, и тие треба да се најдат на владина седница.
-
Македонија 08.03.2022 16:26
Вооружени лица ограбиле банка во центарот на Скопје
Попладнево, ограбена експозитура на банка во центарот на Скопје. Вооружени лица одзеле пари од вработените. Едно од нив, отворило и оган.
-
Македонија 08.03.2022 16:20
Назначени тројца нови амбасадори
Агнеса Руси- Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор во Бугарија, Агрон Буџаку во Канада и Љубомир Данаилов Фрчкоски во Обединетите Нации - по добиените агремани и потпишаниот указ од претседателот Пендаровски, утврдени предлозите за тројца македонски амбасадори.
-
Македонија 08.03.2022 16:11
Се намалува бројот на заразени со Ковид-19
Во изминатото деноноќие од направени 2.557 тестa, регистрирани се 340 нови случаи на Ковид-19. Починале 11 лица, двајца во последните 24-часа, а останатите во периодот од 16-ти февруари до 4-ти март. Кај осум лица се регистрирани коморбидитети.
-
Македонија 08.03.2022 16:07
Светска банка останува посветена на поддршката на приоритетите на Владата
На денешната 21-ва седница на беше презентирано портфолиото на Светска банка за Република Северна Македонија за тековниот период, како и за наредната фаза на соработката со оваа меѓународна финансиска институција, информираат од владината прес- служба.
-
Македонија 08.03.2022 15:25
Што ќе гледате во среда во „Македонија наутро“?
14-ти ден руско- украински конфликт. Украина започна со евакуација на цивилите , во меѓувреме украинскиот претседател Зеленски, повторно го повика Путин на дијалог.
-
Македонија 08.03.2022 15:00
Шест месеци од пожарот во модуларната болница
И по половина година никој не презеде одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица.
-
Македонија 08.03.2022 14:35
ВМРО-ДПМНЕ бара намалување на акцизата
Најновото покачување на цените на горивата е жесток социјален удар врз граѓаните, а Владата поради неспособноста и силната корумпираност не успеа тоа да го спречи, сметаат во опозициската ВМРО-ДПМНЕ.










