Во тек се мерки и активности за утврдување на идентитетот на сторителите на пожарот на верскиот објект, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 14.04.2026 12:17
-
Македонија 14.04.2026 11:47
Усвоен Националниот план за енергија и клима- 61 мерка за зелена транзиција и европски стандарди
Владата го усвои Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025–2030, стратешки документ кој треба да ја насочи државата кон енергетска трансформација, одржлив развој и усогласување со европските политики.
-
Македонија 14.04.2026 11:07
Делегација на Собранието во студиска посета на Хрватска
Делегација на Собранието од денес до 18 април ќе реализира студиска посета на Република Хрватска. Посетата се организира од страна на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС), во рамки на проектот „Поддршка на европската интеграција на Северна Македонија“.
-
Македонија 14.04.2026 10:09
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Македонија 14.04.2026 09:04
Армиската вежба „Блесок 26“ од 19 до 27 април на повеќе локации
При крајот на април, ќе се одржи вежбата „Блесок 26“ по три години од последното оценување на декларираната единица за НАТО операции.
-
Македонија 14.04.2026 08:38
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 14.04.2026 08:12
Царинската управа одбележува 34 години постоење
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и
-
Македонија 14.04.2026 08:05
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h.
-
Македонија 13.04.2026 20:45
Жителите на прилепско Беровци добија црква
За радост и за тага со децении патуваа во Прилеп, а со векови копнееја за своја црква сред село. Жителите на прилепското село Беровци на само седум километри од Прилеп воскреснаа во својата радост. Веќе 25 години ја имаат својата прва вековна селска црква.
-
Македонија 13.04.2026 20:02
Шест лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие
На 12.04.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ѓ.(41) од Скопје, поради тоа што на 11.04.2026 во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга и ѝ упатувал закани.










