„Пресудата не треба да биде неправда за обвинетите“ – порачаа бранителите во случајот „Пулс“ за трагедијата во Кочани. Адвокатката на службениците од Министерството за економија рече дека не може луѓе што работат во канцеларија да одговараат за пропусти на инспекторите кои контролираат на терен.
-
Македонија 11.12.2025 17:40
-
Македонија 11.12.2025 16:52
Поголема вклученост на лицата со попреченост
Зоран Јовановски е лице со попреченост, но тоа за него не е пречка да го оствари својот сон. Параскијањето е неговата пасија, која не ја гледа како хоби, туку се стреми да се занимава професионално. Три натпревари се зад него оваа сезона.
-
Македонија 11.12.2025 16:33
Николоски: Проектот за нов експресен пат од Смоквица преку Валандово, Струмица, Ново Село и граница со Бугарија е завршен
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска е во работна посета на општина Струмица каде присуствува на Свечената седница на Општината по повод „Денот на Заштитниците на Струмица“.
-
Македонија 11.12.2025 16:28
Претрес во тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени две лица
На 11.12.2025 околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Р.(30) од с. Орашје, општина Јегуновце.
-
Македонија 11.12.2025 15:49
Поднесено обвинение за спречување службени лица да одземат добиток во Крива Паланка
Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 11.12.2025 15:32
Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка
Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот Фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба.
-
Македонија 11.12.2025 15:10
УПОЗ: Или надоместоци или прекин на работата
Четири судови веќе најавиле прекин на работата, а од синдикатот велат дека нема да ги спречат доколку сакаат да штрајкуваат. Сè уште не ја земеле ноемвриската плата.
-
Македонија 11.12.2025 14:27
Ѓорѓиевски на средба со Агелер
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела П. Агелер, која за првпат во својство на амбасадорка официјално го посети градот.
-
Македонија 11.12.2025 13:45
Реформи за одржлив развој
Дигитализацијата и децентрализацијата во општините е важна за напредок во локалната самоуправа и подобри услуги за граѓаните. Има напредок но потребно е донесување и на законот.Од годишната конференција известува Ана Јосифоска. -
Македонија 11.12.2025 13:39
Инклузивно општество за лицата со попреченост
Во Македонија живеат над 94.000 лица со попреченост, потребна е поголема грижа, солидарност и човечност.










