Бугарскиот премиер Кирил Петков в петок ќе реферира пред пратениците во Собранието на Бугарија за резултатите од неговата посета на Скопје минатата недела, како и од средба на владите на двете земји што се одржа вчера во Софија.
-
Македонија 26.01.2022 11:36
-
Македонија 26.01.2022 11:13
Позитивни речиси 38 отсто од тестираните,активни 20.856
Нови 2.341 случај на коронавирусот се регистрирани во претходното деноноќие што е речиси 38 отсто од вкупно тестираните 6.193 лица. Во моментов активни се 20.856 случаи на КОВИД-19, најмногу во Скопје – 11.390, потоа во Битола – 1.613 и Прилеп – 754.
-
Македонија 26.01.2022 08:46
Сарафов: Возачот на „Беса Транс“ е виновен за нереќата
Заврши истрагата на бугарските истражни органи за сообраќајната несреќа на делницата Струма. Возачот на автобусот „Беса Транс“ е виновен за несреќата во која загинаа 45 македонски државјани, изјави за БТВ бугарскиот обвинител Борис Сарафов.
-
Македонија 25.01.2022 15:36
Охридскиот градоначалник се соочи со кривична пријава
Градоначалникот на Охрид Пецаков и секретарот на општината Александар Китески заработија кривични пријави, поради основано сомневање за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
-
Македонија 25.01.2022 15:21
Милошоски: Османи да достави одговори пред Комисијата за надворешна политика
Шефот на дипломатијата Османи доби нова покана, овојпат со писмо да се појави пред собраниската Комисија за надворешна политика за да даде отчет пред пратениците кои се македонските одговори на барањата 5+1 од Бугарија.
-
Македонија 25.01.2022 14:25
Крводарителска акција во чест на Тоше
Балканот го памети по ангелскиот глас, но Тоше беше познат и по неговата хуманост и солидарност. Беше заштитно лице и на кампањата за промовирање на крводарителството. На денот на неговиот роденден традиционално, младите го следат неговиот пример и даруваат крв.
-
Македонија 25.01.2022 13:57
Значително намалена корупција во Македонија според Транспаренси Интернешнл
Со четири индексни поени и скок од 14 позиции на листата за перцепција на корупцијата земјава бележи солиден напредок, покажа истражувањето на Транспаренси Интернешнл. Проекцијата е направена врз основа на заштитата на човековите права во однос на корупцијата, посочи Тасева.
-
Македонија 25.01.2022 12:46
Рашковски седна на обвинителната клупа
Поранешниот генерален секретар на владата драги Рашковски тврди дека доказите против него се собрани незаконски. Рече дека обвинителката на нејзиниот компјутер креирала пораки и ги прикажала како негова комуникација.
-
Македонија 25.01.2022 10:00
ИЈЗ: Зголемен е бројот на позитивни случаи и реинфекции со Ковид-19
Во периодот од 17-ти до 23-ти јануари регистрирани се 11.610 нови случаи на ковид-19, што е зголемување за 4,5 проценти во однос на минатата недела.
-
Македонија 25.01.2022 09:05
Авансно финансирање на трошоците
Во новата европска седумгодишна ИПАРД 3 програма за инвестиции во земјоделството и руралниот развој се предложени уште 3 нови мерки. За органското производство, за локалните акциски групи и за советодавни услуги.










