Собранието ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев. Оставката беше констатирана без премиерот Заев усно да ја образложи. Оставката на премиерот повлекува оставка и на целата Влада. Оставката на премерската функција Заев ја поднесе вчера до претседателот на Собранието, Талат Џафери.
-
Македонија 23.12.2021 12:02
-
Македонија 23.12.2021 11:35
Откажана собраниската седница за пратенички прашања
Седницата за пратенички прашања закажана за денеска, нема да се одржи, информира претседателот на Собранието, Талат Џафери. На денешната седница ќе се констатира оставката на премиерот Зоран Заев, по што ќе течат роковите за натамошни постапки што треба да се преземат за избор на нова влада.
-
Македонија 23.12.2021 11:07
Запленети над 2.000 парчиња пиротехнички средства
Во колонијална продавница во тетовско Долно Палчиште, сопственост на 58-годишниот Т.Р. од ова село, пронајдени и одземени се 1.380 разни видови пиротехнички средства, соопшти МВР.
Претходно, пред угостителски објект на Градскиот плоштад во Тетово биле пронајдени 691 парчиња петарди.
-
Македонија 23.12.2021 10:07
Завршува пријавувањето за субвенции за порибување
Сите субјекти кои набавиле подмладок во периодот од 1- ви јули до 30- ти септември годинава имаат право на финансиска поддршка. Висината на субвенцијата е 40 проценти од вредноста по корисник и може да ја добијат оние субјекти кои набавиле или сами го произвеле подмладокот.
-
Македонија 23.12.2021 09:46
МВР: 142 санкционирани возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 23.12.2021 09:43
Македонија се приклучува кон ЕУ борбената група HELBROC
Северна Македонија се приклучува кон ЕУ борбената група HELBROC, која е под директна контрола на Советот на Европската унија и е дел од заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата.
-
Македонија 23.12.2021 09:33
Течат роковите за состав на новата Влада
Од денеска почнуваат да течат и уставните рокови за состав на новата Влада. Во следните 10 дена претседателот Пендаровски треба да го додели мандатот, а новиот мандатар во рок од 20 дена пред пратениците треба да достави програма и состав на новиот кабинет.
-
Македонија 23.12.2021 09:20
Заев ја официјализира оставката
Оваа одлука ја преземам поради исходот од изборите, кои иако беа локални, имаа национална политичка тежина, се вели во писмото со оставката на премиерот во заминување Зоран Заев кое беше доставено до Собранието.
-
Македонија 23.12.2021 09:09
Мијалков останува во притвор
Сашо Mијалков останува во притвор. Кривичниот совет го прифати предлогот на Oсновното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција за определување 30 дневен притвор за обвинетиот во предметот „Плацеви на Водно“. Оценката е дека постои опаснот од бегство.
-
Македонија 22.12.2021 16:21
Премиерот Заев ја достави оставката до Собранието
Зоран Заев попладнево до претседателот на Собранието ја достави најавената оставка на премиерската функција.








