Нашиот европски пат беше неправедно блокиран. Но, кога ги знаеме нашите црвени линии, не треба да сме преокупирани колку време ќе биде потребно за другите да се соочат со вистината за нас.
-
Македонија 22.12.2021 13:05
-
Македонија 22.12.2021 12:40
Реновирани простории на Клиниката за ортопедија
Пуштени во употреба реновираните простории на Клиниката за ортопедија. Отсега пациентите ќе се лекуваат во најсовремени услови по сите стандарди. Парите се обезбедени од Министерството за здравство и дел од донации.
-
Македонија 22.12.2021 12:20
Филипче: Нема потреба за дополнителни мерки за Новогодишните празници
Не се планирани нови мерки за заштита од Ковид- 19. Министерот за здравство Филипче смета дека за Новогодишните празници нема потреба од воведување нови рестрикци. Според него актуелните мерки се добри, а едиствен излез од пандемијата е во вакцинацијата.
-
Македонија 22.12.2021 11:17
Во возење се запалил автомобилот на претседателот на Стопанска комора за енергетика, Манасков
„Мерцедесот“ на претседателот на Стопанска комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков се запалил синоќа во возење на обиколницата во близина на клучката „Мирковци“ и изгорел за неполни три минути. Во несреќата нема повредени лица.
-
Македонија 22.12.2021 10:43
Првиот ден на Божик, 25-ти декември неработен за граѓаните од католичка вероисповед
Првиот ден на Божик, 25-ти декември (сабота) е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
МТСП на граѓаните од католичка вероисповед им го честитаат празникот Божик.
-
Македонија 22.12.2021 10:40
Приведен гостиварец, на тезга продавал петарди
Гостиварец е лишен од слобода откако при контрола на тезга на која продавал предмети и украси, била најдена поголема колична петарди и пиротехнички средства.
-
Македонија 22.12.2021 10:32
МВР: Казнет 271 возач за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возач.
-
Македонија 22.12.2021 09:40
МНР: Патни исправи со скратена постапка и за дијаспората во Чикаго
Во Генералниот конзулат на Северна Македонија во Чикаго, САД непречено тече мобилното издавање на патните исправи за нашите граѓани. Досега од околу 160 лица се земени податоци за нови биометриски патни исправи, а 60 од нив веќе ги добиле, соопштуваат од МНР.
-
Македонија 22.12.2021 09:36
Влада: Електронските цигари може да се употребуваат и во затворени објекти
На вчерашната седница Владата го усвои мислењето на Министерството за здравство дека несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање не спаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето.
-
Македонија 22.12.2021 09:23
Намален бројот на новозаразени и на хоспитализирани со Ковид-19
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, бројот на новозаразени од Ковид-19 е намален 8 отсто минатата седмица во споредба со претходната. Од 13 до 19 декември заболеле 1.922 лица.










