Сите 12 кандидирани градоначалници имавме слични проекти и визија како Скопје треба да се развива, изјави кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов. Вели, им подава рака на сите граѓани, и бара поддршка од политичките партии за окрупнување на гласовите во вториот круг.
-
Македонија 19.10.2021 15:09
-
Македонија 19.10.2021 15:03
Мицкоски повикува на здружена опозиција за рушење на власта
Коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ освои повеќе од 55.000 гласови од СДСМ, изјави лидерот на партијата. Мицкоски повикува на здружена опозиција за повеќе гласови во вториот круг. Вели дека очекува повеќе нерегуларности, бидејки власта е во паника.
-
Македонија 19.10.2021 14:40
Вакцинираните лица кои минатата недела починале од Ковид-19 најчесто имале кардиолошко заболување и дијабет
Од 8-ми до 14-ти октомври починале 105 пациенти со Ковид-19. Од нив, над 75 проценти биле невакцинирани, а само 26 пациенти биле вакцинирани. Само еден немал хронично заболување и имал 80 години, покажува неделната анализа на Министерството за здравство.
-
Македонија 19.10.2021 14:32
Досега нема приговори до ДИК за постапката за гласање и за резултатите
До Државната изборна комисија (ДИК) досега ниту еден подносител на листа на кандидати за Локалните избори нема поднесено приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето.
-
Македонија 19.10.2021 14:14
Неважечки 60.773 гласачки ливчиња во првиот изборен круг
Во првиот круг од гласањето за градоначалници на 80 општини на седмите локални избори што се одржаа во неделата на 17-ти октомври има вкупно 44.833 неважечки ливчиња.
-
Македонија 19.10.2021 13:41
Средба на министерот Османи со новиот шпански амбасадор Гарсија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Хосе Луис Лосано Гарсија.
-
Македонија 19.10.2021 13:10
Утре почнува скринингот на учениците
Утре ќе започне скринингот на учениците во девет средни училишта во Скопје.
-
Македонија 19.10.2021 12:44
Привремениот престој во земјава заврши за уште 27 граѓани на Авганистан, заминуваат во Ирска
Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните семејства заминаа за Даблин, Република Ирска, како нивно трајно одредиште, соопштија од Владата.
-
Македонија 19.10.2021 12:24
Почина новинарот Никола Талевски, поранешен дописник на јавниот сервис од Битола
На 81- годишна возраст почина Никола Талевски, поранешен дописник на јавниот сервис од Битола.
Од некогашната Радио- телевизија Скопје, до пензионирањето во МТВ, Талевски остави длабоки траги во новинарството преку илјадници текстови и голем број емисии.
-
Македонија 19.10.2021 12:07
Резултати од пописот најдоцна во март
Најдоцна во март идната година, Државниот завод за статистика ќе ги објави податоците од спроведениот попис. Директорот Симовски е оптимист дека резултатите може да се презентираат и порано. Дотогаш ќе се спроведува последната фаза од обработката на податоците.










