Рано утрово, во 3 часот и 26 минути регистриран е земјотрес со јачина од 3,1 степени според Европската макроисеизмичка скала во близина на Охрид.
Епицентарот на земјотресот бил на два километри североисточно од центарот на Охрид и на длабочина од 0,4 километри.









