Локалните избори во Северна Македонија беа конкурентни, со почитување на основните слободи, но правните недостатоци остануваат загрижувачки, е прелиминарната оценка на набљудуваите од ОДИХР за првиот круг од изборите.
-
Македонија 18.10.2021 16:49
-
Македонија 18.10.2021 16:22
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со над 50 илјади гласа разлика
Македонија бара промени за подобра иднина. Време е да се обединиме и заедно да ја донесеме, порача на прес-конференцијата потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
-
Македонија 18.10.2021 16:10
Ревакцинирани 45% од полнолетните граѓани во државата
Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 3.250 дози вакцини, од кои 884 се аплицирани како прва доза, 2.257 се ревакцинирани, а 109 граѓани примиле трета доза вакцина, информира Министерството за здравство.
-
Македонија 18.10.2021 16:07
Села обвини за уцени, притисоци и поткуп
Лидерот на Алајансата за Албанците, Зијадин Села, по завршувањето на првиот круг на локалните избори изјави дека коалицијата меѓу неговата партија и Алијанса го освоила градоначалничкото место уште во првиот круг во две општини.
-
Македонија 18.10.2021 15:59
„Левица“ ќе има советници во 30-ина општини
По првиот изборен круг „Левица“ е задоволна од постигнатите резултати. Велат ги оствариле поставените проекции.
-
Македонија 18.10.2021 15:51
ДУИ задоволна од постигнатите резултати
И во овој важен процес за локалната самоуправа излеговме како победници, посочи синоќа лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на завршната прес конференција, неколку часа по затворањето на гласачките кутии.
-
Македонија 18.10.2021 15:42
СДСМ убедени дека во вториот круг ќе освојат повеќе градоначалнички места
Социјалдемократите убедени дека во вториот круг ќе освојат повеќе градоначалнички места од нивниот главен опонент ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 18.10.2021 15:30
Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ нов градоначалник на Штип
Штип избра градоначалник во првиот круг. Кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ Иван Јорданов доби поддршка од 13.085 гласачи, за околу 4.000 гласа повеќе од актуелниот градоначалник и кандидат на коалицијата предводена од СДСМ. Николов денес му ја честита победата на идниот градоначалник.
-
Македонија 18.10.2021 15:24
Стабилна состојбата со Ковид-19 во Прилеп, вакцинацијата стагнира
Без зголемувања или големи падови покажуваат податоците за ковид состојбата последниве недели во Прилеп.
-
Македонија 18.10.2021 14:46
Над 30 општини добиваат градоначалници во првиот круг од изборите
Четири скопски општини добија градоначалници во првиот изборен круг. Според податоците објавени на веб страницата на ДИК, во наредните четири години, ВМРО-ДПМНЕ ќе управува со Бутел, Кисела Вода и Гази Баба, додека ДУИ има потврден мандат во Сарај.









