Над 500 илјади граѓани се попишани во првите девет дена од пописот. Статистичката операција е на третина од предвидените 26 дена пописни активности и се одвива добро, со исклучок на привремените технички проблеми на почетокот, кои беа надминати со ажурирање на софтверот.
-
Македонија 14.09.2021 09:18
-
Македонија 14.09.2021 09:10
Почувствуван земјотрес во Виница и околината
Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 2,4 степена е регистриран ноќеска во 00 часот и 21 минути во епицентралното подрачје Делчево-Берово, на 100 километри источно од Скопје.
-
Македонија 14.09.2021 09:08
Заев во Тирана на средба со Меркел и лидерите од Западен Балкан
Премиерот Зоран Заев денеска во Тирана ќе присуствува на средбата на германската канцеларка Ангела Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан.
-
Македонија 13.09.2021 16:10
Бегалците од Авганистан и системот за управување со кризи во фокус на Советот за безбедност
Денеска во Кабинетот на Претседателот се одржа 13-та седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија. Точки на дневен ред за кои се дискутираше беа лицата од Авганистан прифатени на нашата територија и поставеноста на системот за управување со кризи.
-
Македонија 13.09.2021 15:45
ОЈО ќе ја анализира целокупната документација за градбата на Модуларната болница во Тетово
Основното јавно обвинителство Тетово продолжува со континуирано преземање дејствија за расчистување на трагичниот настан во модуларната Ковид болница, кога 14 лица го загубија животот во пожар.
-
Македонија 13.09.2021 15:19
Жители од кумановско на протест, бараат безбеден пат
Жителите на петнаесетина кумановски села два часа го блокираа алтернативниот премин, кој води кон мостот на Пчиња, познат како Искрин мост, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.
-
Македонија 13.09.2021 15:01
ДИК: Пристигна серверот со десет станици за полнење на терминалите за отпечатоци од прсти за локалните избори
Во Државната изборна комисија пристигна и серверот со десет станици за полнење. Наскоро ќе се поврзе со серверот на ДИК и ќе биде тестиран за полнење на термините.
-
Македонија 13.09.2021 14:37
Оставките зависат од истрагата
Не мислам дека целата Влада треба да си поднесе оставка, став на премиерот Заев. Повтори дека го разбира моралниот чин на министерот, заменикот и на директорите, со доставените оставки, но сепак прво ќе почека на сите одговори од експертите и форензичарите, од севкупната истрага.
-
Македонија 13.09.2021 14:26
Стабилна е состојбата во прилепските градинки
Здравствена состојба во шесте прилепски детски градинки е стабилна. Нема ниту едно дете заболено. Иако две негувателки се позитивни на корона- вирусот и поради тоа две групи со вкупно 30 деца остануваат во изолација, но нема позитивни случаи меѓу децата, констатираат од градинките.
-
Македонија 13.09.2021 14:23
Температурите до 35 степени, кон крајот на неделата услови за пороен дожд
УХМР најавува дека следува период на значително топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела, како што информира, ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер.









