Опозициската ВМРО-ДПМНЕ постави ултиматум – министерот за здравство Филипче и неговиот заменик Хасани да се повлечат до вторник, во спротивно, во Собранието ќе поднесе предлог-одлука за разрешување на двајцата функционери поради трагедијата во Тетово.
-
Македонија 13.09.2021 09:16
-
Македонија 13.09.2021 09:12
12 кандидати во трка за градоначалник на Скопје
Истече крајниот рок за поднесување на кандидатските листи за градоначалници и советници. ДИК ја утврдува уредноста на поднесените документи. Во Скопје на повидок жестока трка. Се пријавиле дури 12 кандидати, а предадени се вкупно 15 листи за советници.
-
Македонија 13.09.2021 09:02
Активни 13.412 ковид- случаи во земјава
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 13.412 од кои најголем број, или 5.858 се во Скопје.
-
Македонија 13.09.2021 08:55
Седница на Советот за безбедност
Во Кабинетот на претседателот на државата денеска напладне ќе се одржи 13-тата седница на Советот за безбедност на која ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија и за поставеноста на системот за управување со кризи.
-
Македонија 12.09.2021 09:29
Истрагата е во тек, се чека помошта на германските експрти
Претпладнево во обиколка околу модуларната болницата со јавни обвинители, беше германски офицер за врски на Сојузната криминалистичка служба на Германската амбасада.
-
Македонија 12.09.2021 09:22
Резултати од истрагата, па одлука за оставките
Премиерот Заев се огласи по понудената оставка од министерот Филипче. Но, не донесе одлука дали ќе ја прифати. Вели, тоа ќе го стори во текот на следната недела, откако експертската истрага ќе покаже посериозен напредок.
-
Македонија 10.09.2021 19:30
Филипче: Понудив пишана оставка до премиерот Заев
Министерот за здравство Венко Филипче понуди оставка до премиерот Заев поради трагедијата во тетовската модуларна болница.
-
Македонија 10.09.2021 18:14
Во Струмица цели одделенија во изолација, вирусот се шири низ училиштата
Цели одделенија во излолација. Трансмисијата на Ковид- 19 во струмичките улилишта, станува интерна. Позитивни ученици и наставници, и во средните и во основните училишта. Епидемиолозите со апели, и при најмала промена во здравствената состојба, учениците да останат дома.
-
Македонија 10.09.2021 18:07
577 нови случаи со Ковид-19, 30 починати
Во последните 24 часа се направени 5.362 тестирања, а регистрирани се 577 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 265, Куманово – 54, Тетово - 26, Прилеп – 21, Струмица – 20, Кичево – 17, Гостивар и Велес – по 16, Кочани – 15, Штип - 14, Битола – 13, Берово- 12, Кавадарци - 11, Свети Николе – 9, Охрид
-
Македонија 10.09.2021 17:18
Модуларната болница во Тетово изгорела за три минути
Мора да се истражи, зошто имало лица во болницата што не припаѓале на здравствениот персонал, вели координаторот на тетовскиот ковид центар д-р Гзим Нуредини. Придружбата не е дозволена на инфективните одделенија.









