Во последните 24 часа се направени 2.896 тестирања, а регистрирани се 17 нови случаи на Ковид-19: Тетови – 9, Скопје – 6, и Прилеп и Гостивар – по 1. Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Куманово и Тетово – по 3 и Скопје - 1.
-
Македонија 22.07.2021 15:51
-
Македонија 22.07.2021 15:20
За резолуцијата за црвените линии ќе се расправа по буџетот
Од мнозинството прифатен предлогот на опозицијата наместо 9-та, Резолуцијата за црвените линии во разговорите со Бугарија да е втора точка.
-
Македонија 22.07.2021 14:53
Пожарот во Карбинци ставен под контрола, се сумираат штетите
Сѐ уште тлее полето во Општина Карбинци. Вчерашниот пожар опустоши околу 100 хектари земјоделско земјиште, изгореа две куќи и фотоволтаичната централа на Комуналното претпријатие „Плачковица“.
-
Македонија 22.07.2021 14:48
Заев: Немаме ништо против локалните избори да се одржат и на 17-ти октомври
Премиерот Заев вели дека е подготвен локалните избори да се одржат на 17-ти октомври, ако на тоа се согласат и останатите партии.
-
Македонија 22.07.2021 14:23
0,03 проценти од вакцинираните во земјава пријавиле несакани последици
Само 0,03 проценти од имунизираните во земјава пријавиле несакани последици од вакцината, болка и оток на местото, покачена температура, главоболка. Ова го покажуваат податоците на Агенцијата за лекови, направени со пресек на аплицирани повеќе од 463 илјади дози.
-
Македонија 22.07.2021 13:49
Вчера аплицирани 17.521 вакцини, прва доза примиле 4.967 граѓани
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 473.657 граѓани.
-
Македонија 22.07.2021 13:12
Јавна расправа за нацрт- законот за продажба на државно земјоделско земјиште
Целосно и порационално искористување на обработливите површини, нивно окрупнување и можност за поголеми вложувања. Ова се само некои од целите предвидени со нацрт–законот за продажба на државното земјоделско земјиште, кој денеска е ставен на јавна расправа.
-
Македонија 22.07.2021 13:03
Антикорупциска: Не се бираат начини да се изигра законот
Не се бираат начини како да се изигра или заобиколи законот. Во секоја област антикорупцинерите среќаваат системски пропусти кои вешто се злоупотребуваат. Меѓу предметите на разгледување и оној за купените плацови од Горан Филипов, Илир Хасани и мајката на сопругата на министерот Филипче.
-
Македонија 22.07.2021 10:17
Виновата лоза ќе страда од климатските промени
Влијанието на климатските промени во лозарството се одразуваат и врз квалитетот и врз вкусот на виното.
-
Македонија 22.07.2021 09:53
Активни 234 случаи со Ковид-19, имунизацијата се одвива непречено
Во земјава има 234 активни случаи со Ковид-19. Продолжува трендот на намален број на новозаболени лица. Според вчерашните податоци регистрирани се 15 нови случаи, а нема починати лица.










