Во прилепскиот Центар за јавно здравје и официјално почнаа да се прават тестови за Ковид- 19. Нема да се чека на резултатите од Институтот во Скопје. Се опреми молекуларната лабараторија. Сесрдно помогнаа стопанствениците и ја донираа апаратурата. Целиот зафат е вреден 3,5 милиона денари.
-
Македонија 05.05.2021 15:27
-
Македонија 05.05.2021 15:10
Продолжи уривањето на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје
Како што беше најавено пред празниците од охридската локална самоуптрава , денеска продолжи уривањето на објекти кои што се наоѓаат на парцела 1-1 на Охридското Езеро.
-
Македонија 05.05.2021 14:55
Филипче тврди- одлуката за олабавување на мерките не е политичка
Одлуката за попуштање на рестриктивните мерки не е политичка, донесена е по претходна телефонска консултација со членовите на Комисијата за заштита од заразни болести, тврди министерот за здравство. Според Филипче, ден подоцна комисијата и официјално ја потврдила ваквата одлука.
-
Македонија 05.05.2021 14:53
В петок средба Пендаровски- Мицкоски
Претседателот Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги затоплуваат политичките односи. Мицкоски, на негово барање, денеска остварил телефонски разговор со шефот на државата, брифираат од опозициската партија.
-
Македонија 05.05.2021 13:38
Браните преполни, но нема опасност од поплави
Куманово годинава ќе нема проблеми со водоснабдување, бидејќи капацитетот на браната Глажња, од кадешто градот добива вода, е целосно исполнет. Водата веќе се прелива преку браната и се слева во речното корито на Липковка.
-
Македонија 05.05.2021 13:17
Комплетна реконструкција на онколошкиот оддел при Клиниката за детски болести до крајот на годината
Министерот за здравство Венко Филипче, заедно со директорката на Универзитетската клиника за Детски болести, Аспазија Софијанова потпишаа меморандум за обнова на онколошкиот оддел при детската клиника со компанијата Макстил.
-
Македонија 05.05.2021 12:50
Заев: По цена на идентитетот и јазикот, не ни треба ЕУ
По цена на идентитетот и јазикот, не ни треба Европската унија, нема договор за тоа како се чувствуваме и на кој јазик говориме, и тоа го признава ЕУ, категоричен шефот на владата.
-
Македонија 05.05.2021 12:34
Поранешниот градоначалник на Чашка обвинет за несовесно работење во службата
Основното јавно обвинителство Велес до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против поранешен градоначалник на Општина Чашка за продолжено кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 05.05.2021 12:16
Петмина обвинети за прекршување на полицискиот час во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 05.05.2021 12:11
Филипче: Одлуката за намалување на рестрикциите не е политичка
Одлуката за олабавување на мерките не е политичка, донесена е во консултација со Комисијата за заразни болести, тврди министерот Филипче. Тие се во согласност со епидемиолошката состојба во земјата. Од вечер, полицискиот час наместо од 21, почнува од 23 и ќе трае до 5 часот наутро.








