Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 32-годишен италијански државјанин за кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 26.04.2021 17:16
-
Македонија 26.04.2021 17:13
На Криволак се работи на инфраструктурата за воената вежна „Одлучен удар 21“
Армискиот полигон „Криволак“ е големо градилиште, подготовка за воената вежба „Одлучен удар 21“ која треба да започне на 17-ти мај. Денес таму во посета беа министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и амбасадорката на САД, Кејт Брнз.
-
Македонија 26.04.2021 16:45
Заев останува на ставот за разрешување на Пауновски
Утре на владина седница ќе биде потврдено разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат, изјави премиерот. Заев вели- Пауновски не ги почитувал законите и етичкиот кодекс.
-
Македонија 26.04.2021 16:36
Угостителите и туристичките работници ги продолжуваат протестите пред Владата
Досегашната поддршка не е доволна, со оглед на рестрикциите и забраните за работа, егзистенцијата на многу фирми и семејства е доведена во прашање, порачаа учесниците на протестот на Туристичко- угостителската комора.
-
Македонија 26.04.2021 16:22
Предлог за олабавување на мерките, за Велигден и Бајрам слободно движење
За верските празниците Велигден и Бајрам да нема полициски час – предложи Комисијата за заразни болести. Во останатите денови ограничувањето на движењето да почнува во 21 часот, а угостителските објекти да можат да ги отворат само летните тераси.
-
Македонија 26.04.2021 16:13
Усвоен планот за дигитализација на судството
Сите 34 судови и речиси 190 судници, вклучително оние во затворите и во Академијата ќе се дигитализираат. Владата почна да ја спроведува реформата.
-
Македонија 26.04.2021 15:47
Опозицијата бара одговорност од Спасовски
„Интерпелацијата е чудна, бидејќи се однесува на успешната акција за апсење на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков“ – оцени министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
-
Македонија 26.04.2021 15:37
Претседателот Пендаровски во дводневна работна посета на Брисел
Претседателот Стево Пендаровски на 27 и 28 април ќе престојува во работна посета на Брисел, каде е предвидено да оствари средби со челниците на Европската Унија и на НАТО.
-
Македонија 26.04.2021 15:34
37 починати, нови 86 случаи со Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 808 тестирања, а регистрирани се 86 нови случаи на Ковид- 19 во: Скопје –58, Куманово – 6, Прилеп – 5, Тетово и Штип – по 3, Гостивар, Кичево и Гевгелија - по 2, Кавадарци, Струмица, Неготино, Свети Николе и Крушево – по 1.
-
Македонија 26.04.2021 15:24
Полициски час од 21 часот освен за празниците Велигден и Рамазан
Од 28-ми април полицискиот час да почнува од 21 часот, и да трае до пет наутро, за Велигден и за Рамазан Бајрам да нема ограничувања на движењата ова е новиот предлог на Комисијата за заразни болести.









