Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 27.04.2021 09:54
-
Македонија 27.04.2021 09:51
Вакцинирани над 50 илјади граѓани, поголема количина вакцини пристигнува по празниците
Во државава досега се вакцинирани 53.193 граѓани, а на веб страницата „вакцинација.мк“ се пријавиле 203.047.
-
Македонија 27.04.2021 09:38
Денеска ќе се одлучува за пократок полициски час и посебни правила за празниците
Владата на денешната седница треба да донесе одлука за олабавување на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции истекуваат денеска.
-
Македонија 27.04.2021 09:29
Пендаровски во дводневна посета на Брисел
Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, каде е предвидено да има средби со челниците на Европската Унија и на НАТО.
-
Македонија 27.04.2021 09:15
Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, за политички систем и односи меѓу заедниците, и за економски прашања.
-
Македонија 27.04.2021 09:07
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди попладне, а наутро ќе има услови за локален дожд и зголемена облачност претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува.
-
Македонија 26.04.2021 21:10
Владата и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ со апел да се почитуваат мерките
Преземените мерки за заштита на јавното здравје дадоа резултати, што го покажува намалувањето на бројот на заболени лица и на граѓани кои имаат потреба да бидат згрижени во болниците, со што се создаваат и можности за поспокојно одбележување на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам.
-
Македонија 26.04.2021 20:16
Пендаровски на средби со челниците на ЕУ во Брисел
Претседателот Стево Пендаровски, на првиот ден од работната посета на Брисел, ќе оствари средби со челниците на Европската Унија, соопштуваат од претседателскиот кабинет.
-
Македонија 26.04.2021 18:49
Собранието не ја прифати интерпелацијата за Спасовски
Собранието попладнево не ја прифати иницијативата за отповикување од функцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „За“ интерпелацијата гласаа 11 пратеници, 60 гласаа „против“, а немаше воздржани. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа во дебатата и не гласаа.
-
Македонија 26.04.2021 18:03
Во возило на автопатот кај Градско пронајдени 21 илегален мигрант
Дваесет и еден мигрант се пронајдени при проверка на возило со скопски регистарски ознаки на автопатот А1, делница Градско – наплатна рампа „Отовица“, кое го управувало албански државјанин.










