Бугарскиот премиер Борисов со принципиелна поддршка за евроинтеграцијата на земјава, но и со барање за исполнување на соодветни услови и целосно спроведување на Договорот за добрососедство.
-
Македонија 16.03.2021 14:39
-
Македонија 16.03.2021 14:12
Расте бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во битолската болница
Битолското основно училиште „Коле Канински“ засега најсилно го почувствува третиот ковид бран. Според направениот еппидемиолошки увид на Центарот за јавно здравје, инфициани се 13 лица.
-
Македонија 16.03.2021 13:30
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.082 ковид- пациенти
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.082 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите, соопштуваат од Министерството за здравство.
-
Македонија 16.03.2021 13:28
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 67 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 67 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
-
Македонија 16.03.2021 13:08
Зголемен бројот на ковид- пациенти во детската болница „Козле“
Расте бројот на деца заразени со Ковид- 19, вели првиот човек на детската болница Козле, анализирајќи ги податоците од изминативе три месеци. Од вкупниот број на прегледани и хоспитализирани, една четвртина се позитивни, но не е мал бројот и на деца со постковид симптоми.
-
Македонија 16.03.2021 12:44
Тројца обвинети за користење лажни ПЦР тестови за да ја напуштат државава
Против двајца турски и еден швајцарски државјанин Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози заради кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 16.03.2021 12:39
Дете почина, жена тешко повредена во пожар во зграда во Гостивар
Осумгодишно дете почина, а 35-годишна жена во животозагрозувачка состојба е пренесена во гостиварската болница, по пожарот што избувна во станбена зграда. Смртта на детето била констатирана на ургентното одделение во болницата, која наверојатно настанала од задушување.
-
Македонија 16.03.2021 12:32
Училиштето „Владо Тасевски“ до крајот на месецот затворено поради зголемен број заразени со Ковид-19
Скопското основно училиште „Владо Тасевски“ до 31-ви март ќе биде со клуч на врата, а учениците од прво до трето одделение, наместо со физичко присуство, наставата ќе ја следат онлајн.
-
Македонија 16.03.2021 12:28
Охрид: Со брод за спасување ќе се зголеми безбедноста во пловидбата
Големиот број на пловни објекти и се поактивната пловидба во водите на Охридското Езеро го зголемува ризикот од потонувања, пожари и други хаварии. Поради тоа експертите сметаат дека е неопходно да се активира пловило кое 24 часа ќе се грижи за безбедноста на вода.
-
Македонија 16.03.2021 12:22
Украдените икони од струшко пронајдени во Албанија, сѐ уште не се вратени дома
И после седум години, украдените икони од струшко, пронајдени во Албанија сѐ уште не се вратени во земјава. 20 вредни икони и црковни артефакти украдени од црквите во селата Радожда, Буринец и Селце албанската полиција во 2014-та година ги пронајде во Тирана.










