Угостителите во Вевчани ставаат клуч на врата. Поради сѐ поголемиот број на позитивни случаи со корона вирусот, добороволно одлучија да ги затврат угостителските објекти.
-
Македонија 16.11.2020 14:19
-
Македонија 16.11.2020 13:08
Централниот булевар во Струмица наликува на пазар на отворено
Женска и машка гардероба, детска, па и долна облека продаваат секојдневно дивите продавачи низ струмичкиот булевар. Робата која што ја продваат е идентична на градските дуќани и е многу поевтина. Дивите продавачи уште рано наутро се распослани низ струмичкиот булевар.
-
Македонија 16.11.2020 12:59
Куманово: Милион денари за ковид болницата
Општина Куманово ќе одвои еден милион денари, средства кои ќе се користат за дотур на вода, гас, електрична енергија за монтажната ковид болница. Предлогот доби зелено светло и од советниците. Болницата ќе ја гради Владата преку Министерството за транспорт и врски.
-
Македонија 16.11.2020 11:59
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти, вкупно се лекуваат 426
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопштуваат од Министерството за здравство.
-
Македонија 16.11.2020 10:41
Заев во посета на Германија, ќе му биде врачена награда за човекови права за 2020 година
Премиерот Зоран Заев денеска ќе биде во работна посета на Сојузна Република Германија, по повод доделување награда за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“ .
-
Македонија 16.11.2020 10:37
Брзи тестови за Ковид-19 од утре во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Кичево
Во пет здравствени институции во државата, од утре ќе се врши тетсирање за корона вирус со брзи антигенски тестови. Тестирања ќе се вршат во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица, и општата болница во Кичево.
-
Македонија 16.11.2020 10:33
Специјалисти и специјализанти помагаат на инфективното одделение во Велес
И пред повикот на министерот за здравство да се помогне на лекарите од инфективните одделенија, доктор Атанас Ѓоргиевски кој во моментов е специјалист кардиолог, доброволно сам се пријавил да им помогне на своите колеги од велешката болница.
-
Македонија 16.11.2020 10:28
Санкционирани 206 возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 16.11.2020 10:26
Ќе се опремува новиот дел од струмичката болница
Со одобрениот кредит од Светска банка наскоро се очекува да се опреми новиот дел од струмичката болница кој 33 години стоеше празен. Во истиот треба да се трансферираат сите хируршки амбуланти како и ургентен центар, гинекологија, оториноларингологија и други оддели.
-
Македонија 16.11.2020 10:12
МВР: 568 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 568 прекршоци.










