Оделенијата за уво, нос и грло, од среда и интерното, а наскоро и очното одделение во прилепската градска болница, стануваат ковид-центри за справување со пандемијата, констатира Кризниот штаб.
-
Македонија 02.11.2020 14:48
-
Македонија 02.11.2020 13:33
14 напади врз новинари, сѐ повеќе закани по социјалните мрежи
Четиринаесет напади врз новинари во нашата земја годинава регистрирало Здружението на новинари. Сѐ повеќе закани по социјалните мрежи. Новинарите почесто се соочуваат со вербални и физички напади поради вршењето на своите професионални обврски. Насилниците и натаму остануваат неказнети.
-
Македонија 02.11.2020 12:50
Заев: Се обединуваме околу заедничките интереси во регионот во рамки на Берлинскиот процес
Премиерот Заев преку интернет конференциска врска, учествуваше на регионалниот форум за млади лидери, посветен на регионалната економска соработка со посебен осврт на решенија за поврзување на државите во услови на пандемија.
-
Македонија 02.11.2020 12:23
Почна примената на брзите тестови за Ковид-19
Од утрото од 8 часот почна примената на брзите тестови за откривање на Ковид-19. Првите пациенти веќе ги добиле резултатите, а интересот е огромен, па поради тоа слободни термини има дури по неколку дена.
-
Македонија 02.11.2020 11:04
Првиот контингент македонски мировници во КФОР заминаа на Косово
Првиот контингент од 44 војници на македонската армија од касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, заминаа на Косово, каде што во наредните шест месеци ќе работат како штабни офицери во главната команда во Приштина, и ќе ја обезбедуваат регионалната команда на КФОР-Запад.
-
Македонија 02.11.2020 10:33
Санкционирани 257 возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 02.11.2020 10:27
МВР: 737 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 737 прекршоци.
-
Македонија 02.11.2020 10:04
Ковид-19: Над илјада починати од почетокот на пандемијата
Во земјава, од почетокот на пандемијата, веќе починаа над илјада лица. Нови 865 случаи на инфицирани со Ковид-19 се регистрирани, од 2.449 тестa, информира Министерството за здравство. Според последниот извештај се починати десетмина.
-
Македонија 01.11.2020 15:30
МЗ: Лабораториите работат со зголемен капацитет и со доволен број тестови
Сите државни лаборатории располагаат со доволен број на тестови за Ковид-19, а значително се зголемени и капацитетите на државните лаборатории кои вршат тестирање за Sars Cov-2, Ковид-19, информира Министерството за здравство.
-
Македонија 01.11.2020 15:19
Регистрирани 865 нови случаи со Ковид-19, починале 10 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.449 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-397, Куманово-22, Дебар-2, Штип-34, Прилеп-29, Тетово-95, Струга-7, Велес-44, Битола-31, Охрид-21, Кавадарци-26, Гостивар-30, Гевгелија-4, Струми









