Денес Кочани повторно го преживува пеколниот ден на трагедијата во „Пулс“. Скоро и да нема човек во градот што не е погоден од најголемата трагедија до сега.
-
Македонија 14.03.2026 16:35
-
Македонија 14.03.2026 16:16
Турскиот амам во Прилеп во критична состојба
Турскиот амам, или познатата прилепска градска бања стана опасност за пешаците. По дојава од граѓаните, музејот ја огради пешачката зона зашто секој момент делови од овој споменик на културата може да отпаднат.
-
Македонија 14.03.2026 15:44
Стариот механизам на Саат кулата во Битола со нов дом
По 15 години во подрум со согласност на Советот на општина Битола стариот механизам на Саат кулата го добива своето место во Офицерскиот дом.
За битолчани саат кулата е гордост. За туристите, задолжителен објект кој треба да се види.
-
Македонија 14.03.2026 14:59
Меѓународна конференција „Институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“
Болката е подеднакво силна, споменот не избледува за преграно згаснатите млади животи во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и по една година од трагедијата. Испливаа на површина аномалиите на системот и институциите што се таложеле години наназад. -
Македонија 14.03.2026 14:30
Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји
Министерот за здравство, Азир Алиу во воведното обраќање на Меѓународната конференција посветена на „Институционалните и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“, се осврна на искуствата на здравствениот систем – од првичната интервенција и спасувањето човечки животи,
-
Македонија 14.03.2026 13:26
Повисока цена за престој во градинка
За 35 отсто поскапе престојот во кумановската градинка „Ангел Шајче“. Родителите месецов наместо 1.490 денари, ќе плаќаат по 2.011 денари. Зголемувањето на месечниот надомест, според надлежните е неопходен за нормално функционирање на установата.
-
Македонија 14.03.2026 10:08
Света литургија за упокоените во спомен на загинатите во дискотеката „Пулс“
По повод годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ денеска во црква „Св. великомаченик Георгиј“ се одржува света литургија за упокоените во спомен на загинатите, како и општ парастос за жртвите од пожарот.
-
Македонија 14.03.2026 09:41
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 14.03.2026 09:11
Меѓународна конференција пред одбележувањето на годишнината од трагедијата во Кочани
Пред одбележувањето на годишнината од трагедијата во Кочани, Владата денеска организира меѓународна конференција.
-
Македонија 14.03.2026 09:01
Сончево со мала до умерена облачност
Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе има појава на слаба магла по одделни котлини. Попладне ќе има услови за повремен слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.










