СДСМ и ДУИ ги продолжуваат разговорите за нова Влада. Постигнати се основи за напредок кој води до коалиционен договор, информираат од двете партии. Разговорите продолжат и во текот на викендот на ниво на генерални секретари.
-
Македонија 14.08.2020 14:48
-
Македонија 14.08.2020 14:17
При обид за грабеж убиен 49-годишен маж во Инџиково
Како на филм, двајцата криминалци влегле вооружени со пиштол и од сопственикот побарале пари. Откако им кажал дека нема пари, едно од лицата пукало во него, а потоа заминале во непознат правец. МВР трага по сторителите.
-
Македонија 14.08.2020 13:47
Приведен 43-годишен тетовец осомничен за опожарување две возила на ЕВН
43- годишен тетовец се сомничи дека ги запалил двете возила на компанијата ЕВН. Моторните возила биле на две различни локации во градот, едното на улица „Иво Лола Рибар“, а другото во станбената населба Блока 70. Во возилата избувнал пожар, откако пироманот во нив фрлил запалива течност
-
Македонија 14.08.2020 13:02
Од утре дозволен влез за македонски државјани в Црна Гора, со негативен тест
На барање на туристичките компании и хотелиерите Црна Гора од утре ги отвора границите за македонските и државјаните на Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.
Според тамошниот Институт за јавно здравје, услов е патникот да поседува негативен ПЦР или серолошки тест.
-
Македонија 14.08.2020 12:06
Убиство во скопско Инџиково
При обид за грабеж во семејна куќа во скопско Инџиково ноќеска се случило убиство на 49-годишен маж, кој бил заедно со неговата сопруга.
Криминалците им се заканувале и им барале пари. Кога кажале дека немаат, едно од вооружените лица пукало кон сопственикот.
-
Македонија 14.08.2020 10:20
Реализирани 4.000 телефонски разговори за психолошка поддршка за време на пандемијата со Ковид- 19
ЈЗУ Клиниката за психијатрија известува дека се реализирани околу 4.000 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните за време на пандемијата со Ковид 19 започнувајќи од март месец 2020 година.
-
Македонија 14.08.2020 10:02
МВР: Регистрирани 470 прекршоци за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (13/14.08.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 470 прекршоци.
-
Македонија 13.08.2020 16:50
Куманово: Училиштата се подготвуваат за новата учебна година
Кумановските училишта интензивно се подготвуваат за почетокот на новата учебна година. Училишни тимови изработуваат планови и протоколи за физичко присуство на учениците, но и за моделот кој предвидува онлајн настава.
-
Македонија 13.08.2020 16:46
Ќе бидат потребни години за опоравување на туризмот во Охрид
Ќе бидат потребни неколку години за Охрид да се врати на туристичкиот пиедестал, прогнозира научната фела. После 2001-ва година кога е забележан пад од 50%, 2020 година ќе биде впишана како најцрната туристичка година со драстичен пад од околу 60- тина проценти.
-
Македонија 13.08.2020 16:26
Од прво до трето одделение на училиште, останатите онлајн
Учениците до трето одделение да одат на училише, а за останатите да има онлајн настава од дома – предложила Комисијата за заразни болести на состанокот со претставниците на Министерството за образование.








