Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека продолжуваат со имплементација на стратегиите што ги подготвиле во изминатиот период, за поефикасна работа на македонската полиција.
-
Македонија 09.09.2020 13:19
-
Македонија 09.09.2020 13:12
Во затворот во Шутка пронајден обесен притвореник
Во затворот Скопје во Шутка пронајден обесен притвореник, професор од Тетово роден во 1959 година, потврди за јавниот сервис директорот Есад Рахиќ. Рече дека затворскте полицајци го прекршиле протоколот, бидејќи претходно дозволиле негово движење до тоалетот.
-
Македонија 09.09.2020 13:08
Маж загина при пад во канал за лифт
Триесет годишен маж, загинал при пад во канал за лифт, во зграда во скопската населба Кисела Вода. Од засега непознати причини паднал во делот каде што се движи лифтот.
-
Македонија 09.09.2020 13:04
Допрва ќе се утврдува штетата од пожарот во канцелариите на Инспекторатот за животна средина
Пожарникари во акција, чад, непријатна миризба, скршени прозорци. Вака во раните утрински часови изгледаше објектот на стара Комерцијална банка во центарот на Скопје, каде што сега се наоѓа Секретаријатот за европски прашања и други државни институции.
-
Македонија 09.09.2020 12:45
Честиткa од германскиот претседател Штајнмајер по повод Денот на независноста
По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Македонија, писмо со честитка до претседателот Пендаровски испрати претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.
-
Македонија 09.09.2020 12:27
Градинките ги отворија вратите за децата под строги протоколи за заштита
По шест месеци, градинките ги отворија вратите за децата, но под строги протоколи за заштита од Ковид-19. Во моментов згрижени се над 14 илјади дечиња, а има слободни места за уште 5.000, информираше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
-
Македонија 09.09.2020 11:38
Владата ќе одржи сединца
Владата на Република Северна Македонија денеска со почеток во 12:00 часот во свечената сала ќе ја одржи третата седница, соопштија од владината прес- служба.
За заклучоците од седницата, владината прес- служба ќе информира со соопштение по нејзиното завршување.
-
Македонија 09.09.2020 11:05
ВМРО-ДПМНЕ денеска со протест против зголемувањето на цената на струјата
Денеска во 18 часот ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи протест против зголемувањето на цената на струјата, откако во понеделникот го најави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
-
Македонија 09.09.2020 10:49
Предлогот со заменици- министри до крајот на неделата во Собранието, се подготвува и седницата за собраниските комисии
Деновиве треба да биде познат составот на собраниските комисии. Се прават подготовки за седницата на која ќе бидат избрани, а до крајот на месецот ќе бидат именувани и раководните лица на сите институции под надлежност на извршната власт.
-
Македонија 09.09.2020 10:16
Почна бербата на јаболкото
Почна бербата на ресенското јаболко и пред официјалниот старт кој вообичаено е на крајот на септември. Првите гајби се полни со раните сорти муцо и златен делишес за кој веќе има и откуп. Трговци плаќаат по 18 до 22 денари за килограм, а најголем дел од купеното оди на рускиот пазар.










