Предлагаме ново законско решение за амбасадори, кое ќе ја штити дипломатската служба во иднина, давајќи предност на кариерните дипломати, напиша премиерот Заев на својот Фејсбук профил.
-
Македонија 02.01.2020 13:47
-
Македонија 02.01.2020 12:47
Од утре техничка влада
Од утре земјава добива нова техничка влада до изборите на 12-ти април. Согласно Пржинскиот модел, преодната влада се формира 100 дена пред изборите, а премиерот Заев веќе најави дека на 3-ти ќе поднесе оставка од функцијата.
-
Македонија 02.01.2020 12:40
10,8 милиони евра на располагање на општините за подобрување и развој на социјални услуги
Министерството за труд и социјална политика ги повикува Општините коишто претходно на јавен повик изразија подготвеност да развиваат социјални услуги на локално ниво да се пријават на јавниот повик за финасирање на проектот за развој на услугите.
-
Македонија 02.01.2020 12:37
Обуки за занаетчии во Битола
Со голема посветеност битолската Регионална Занаетчиска комора го спроведува проектот „Обучувач на возрасни- прво ниво“. Обучувачите се вклучени во две групи од по 20 членови. Едната ја сочинуваат професори и наставници, а другата искусни занаетчии.
-
Македонија 02.01.2020 12:11
Припадниците на Посебната единица за поддршка ја добија специјалната полициска опрема
Полициските службеници од Посебната единица за поддршка, денеска добија специјална полициска опрема во случаеви на нарушен јавен ред и мир во поголем обем. Се работи за донација на Владата на Чешка Република за потребите на Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 02.01.2020 11:22
Обвинителство: Поведена постапка за полов напад врз дете
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против жител на Виница, за сторено продолжено кривично дело- полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
-
Македонија 02.01.2020 11:20
Истрага за обид за убиство во Чајлане
Основното јавно обвинителство отвори истрага за обид за убиство во село Чајлане, Општина Сарај. Осомничениот на Нова година, во семејната куќа го нападнал сопствениот брат.
-
Македонија 02.01.2020 10:35
Утре техничка влада, се очекува решение за техничкиот министер за внатрешни работи
Министерот за внатрешни работи Спасовски, кој треба да ја преземе функцијата премиер во техничката влада, изјави дека мора да се почитува Уставот. Владата ќе функционира од 3-ти јануари, а изборите ќе се одржат на 12-ти април, рече Спасовски.
-
Македонија 02.01.2020 10:04
Студено и ведро, максимална температура до 9 степени
Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен во југоисточните делови. Максималната температура ќе се движи од 2 до 9 степени.
-
Македонија 31.12.2019 13:58
Хуманост, весела атмосфера и многу желби за Новата Година
Годинава да заврши хумано, со добра мисла и намера, порачаа прилепските гимназијалци. Цело полугодие собираа средства за преку 400 пакетчиња со храна и облека за да им поделат на децата од социјално загрозените семејства во населбите Тризла и Три багреми.






