Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утринава во 9 часот и 26 минути ја погоди Албанија. Потресот бил почувствуван и во нашата земја.
-
Македонија 02.12.2019 11:12
-
Македонија 02.12.2019 11:02
Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост
Националното одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост ќе биде одржано денеска во Владата на Република Македонија.
-
Македонија 02.12.2019 10:47
Се чека одговор од пратениците за автентичното толкување
По денешната редовна координација на претседателот на Собранието, Талат Џафери, треба да биде познато кога ќе се одржи пленарката по барањето на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.
-
Македонија 02.12.2019 10:29
Закуп на државно земјиште до три хектари
Нови 614 хектари државно земјоделско земјиште во регионот на Свети Николе одат под закуп. Идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат, парцелите ќе ги добијат за користење во период од 15 до 70 години.
-
Македонија 02.12.2019 10:14
Помпео: САД го депонираа ратификуваниот протокол за членство на Македонија во НАТО
„Со задоволство ви соопштувам дека САД го депонираа ратификуваниот протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Еден чекор поблиску до прифаќање на Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО“, објави шефот на американската дипломатија на Твитер.
-
Македонија 02.12.2019 10:03
Сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер
Речиси во целата држава утринава минималните температури се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -8 степени.
-
Македонија 29.11.2019 16:12
Присуство на тешки метали во почвата на потегот Битола- РЕК Битола
Анализите од истражувачкиот ученички проект за присуството на тешките метали на во почвата на потегот Битола – РЕК Битола покажуваат дека оловото во над дзволените количини е застапено во атарот на пелагониското село Поешево а во околијата на неколку други ссела е нешто под дозволеното ниво.
-
Македонија 29.11.2019 16:00
Граничен премин Лојане- Миратовац за полесен проток на населението
На девет илјади жители од двете страни на македонско-српската граница ќе им се олесни движењето, наместо 40 километри по заобиколни патишта, во два километри ќе поминат преку новиот граничен премин Лојане- Миратовац.
-
Македонија 29.11.2019 15:51
Извршителите на отворени денови ќе ги информираат должниците
Извршителите и должниците ќе разговараат на отворените денови. Средбите треба да се одржувуваат во судовите низ земјава. Целта е да се надминат проблемите кои се јавуваат во текот на постапката. Граѓаните ќе добиваат правен совет.
-
Македонија 29.11.2019 15:35
Преиспитување на одлуката за аболиција од Иванов
Уставниот суд на седница во среда ќе го преиспитува актот со кој беше повлечена аболицијата од поранешниот претседател Иванов во 2016 за 50-на тогашни функционери, кои претходно беа помилувани.








